ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонски стереотипи: Што прават мажите додека жените перат, чистат и пеглаат?

October 30, 2021 14:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во просек 70,9% од времето поминато на работа за мажите се компензира со плаќање, додека само 37,6% од времето што жените го поминуваат на работа е платено.

Жените во Северна Македонија извршуваат 72,5% од вкупната неплатена работа за грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една четвртина од вкупниот обем на работа. Жените секој ден трошат 18 пати повеќе време за миење садови, 12 пати повеќе време за чистење, 9 пати повеќе време за готвење и 3 пати повеќе време за грижа околу децата од нивните партнери.

Ова се дел од наодите од новата студија на Реактор – Истражување во акција, насловена Мажите и грижата (МиГ): Грижлив маскулинитет во Северна Македонија, која се фокусира токму на овие аспекти, и претставува сеопфатен извештај кој ги разгледува и родовите јазови во платената и неплатената работа, и се осврнува на мажите и грижата, како и политиките за родителско и татковско отсуство.

Стереотипна родова поделба

Официјалната статистика за Северна Македонија, според спроведените анкети за користење на времето, ја потврдува стереотипната родова поделба и покажува дека во просек мажите трошат повеќе време на платена работа, додека жените посветуваат повеќе време на неплатена работа за грижа. Во еден работен ден, во просек 70,9% од времето поминато на работа за мажите се компензира со плаќање, додека само 37,6% од времето што жените го поминуваат на работа е платено.

Доколку неплатената работа за грижа од страна на жените во С. Македонија се вреднува со минимална плата, таа би имала монетарна вредност од речиси две милијарди евра или точно 1,917,895,508 евра, што е 17,18% од бруто домашниот производ (БДП) за 2019 година. „Имајќи го предвид сето ова, време е конечно да ја препознаеме вредноста на неплатената грижа и да почнеме да се грижиме за неформалната економија на грижа“, се наведува во студијата.

Балансирање на одговорностите

Кога станува збор за балансирање на одговорностите меѓу родителите, сегашното законодавство не дава можност за заеднички модели на родителско отсуство, кои ќе ја земат предвид улогата на двата родители во грижата и воспитувањето на децата и ќе овозможат споделување и комбинирање на родителско, татковско и породилно отсуство според потребите на родителите, како на мајките така и на татковците. Во оваа насока, неодамнешната студија на Реактор која се фокусира на искуствата и ставовите поврзани со учењето на далечина во основните и средните училишта потврдува дека жените, односно мајките/женските старатели биле убедливо примарните негуватели за нивните деца додека училиштата беа затворени (поради ковид-19 пандемијата).

Студијата потврдува дека се неопходни итни промени во националното законодавство и законите треба подобро да го препознаат споделеното родителско отсуство што ќе им гарантира и на жените и на мажите право на родителско отсуство заради грижа околу децата во раните месеци, а се акцентира и неопходноста од воведување на родово посензитивни политики коишто ги земаат предвид и мажите кога станува збор за грижата за децата. Истражувањето нагласува дека државните и приватните политики треба да се насочат кон создавање работни средини кои промовираат и поддржуваат иницијативи за рамнотежа помеѓу работата и животот, како што се воспоставување установи за згрижување деца (градинки) во рамки на работните простории, флексибилни работни аранжмани, двојно родителско отсуство, безбеден, достапен јавен превоз, пристап до центри за одмор, рекреација и спорт итн. Ваквите политики можат значително да го подобрат квалитетот на животот на луѓето, но и нивниот придонес кон општеството и работата, се заклучува во студијата.

Закони и механизми

Северна Македонија има усвоено неколку закони и механизми за унапредување на родовата еднаквост. Законот за еднакви можности на жените и мажите ги обврзува јавните институции да обезбедат еднакви права и можности за жените и мажите и да ги интегрира родовите прашања во нивните политики, стратегии и буџети, преку конкретни мерки за намалување на родовата нееднаквост. И покрај значајните законски промени, родовите јазови и нееднаквостите и понатаму постојат на сите нивоа. Ова првенствено се должи на патријахалниот општествен дискурс кој преовладува во различните сфери на животот, а беше проширен и преку државни политики во изминатите години. Северна Македонија ја карактеризира силен традиционален модел на поделба на родовите улоги. Мажите генерално се сметаат за оние кои треба да заработуваат, додека жените во најдобар случај можат да допринесат со дополнителна заработувачка. Жените, исто така, ја имаат клучната улога во поглед на грижата и воспитувањето на децата.

Според статистичките податоци на Еуростат, во земјата жените се далеку економски понеактивен дел од населението, т.е. приближно 45% од работоспособните жени во земјата не се ниту вработени ниту бараат работа. Повеќе од половината од овие работоспособни жени не бараат работа заради семејни обврски и/или обврски поврзани со грижа. Од друга страна, само околу 4% од неактивните мажи не бараат работа од истата причина.

Извор: Дојче веле

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Канцелариите на Народниот правобранител отворени в недела за пријавување на повреда на избирачко право

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ – бара да и се даде отказ на

September 27, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk