Не, ние нема да инсистираме тоа е одлука на премиерот, тоа е негов личен став од морални, етички причини кој што вчера го соопшти на јавноста. За нас е многу важно и очекувам и затоа да разговараме денес, кои се визиите за новиот премиер, за новата Влада, бидејќи со заминување на премиерот и целата Влада практично паѓа. Да видиме којa e идејата и кои се очекувањата и она што сме денес повикани да поразговараме сите заедно, нели лидерите на политичките партии кои што се дел од парламентарното мнозинство и многу е важно клучен проект да е програмските определби на евентуално новата идна Влада за што ќе се залага и што ќе бидат приоритетие.
-Ниту сме имале преговори до сега за тоа, ниту е тоа нашата идеја. Она што ние сакаме да го постигнеме е навистина да се забрза процесот на реформи, да се интервзира борбата против корупцијата, да се овозможи конечно таа неселективна правда да функционира, да почнат да се отвораат поглавјата со ЕУ, да почнат тие пристапни преговори и секако она што е за ДОМ важно е и аспектот во контекст на заштита на животната средина и климата. Граѓаните навистина да почуствуваат промени и да имаат поквалитетен и поздрав живот.“