Во Бугарија е опасно да се изјасниш дека си Македонец, вели за Канал 5 Красимир Канев, претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет.
„Знам Македонци коишто се плашат да кажат што се таму каде што работат. Посебно се плашат вработените за не бидат предмет на малтретирање…Да не зборувам за оние кои евентуално би работеле во полиција или пак во државна администрација“, вели Канев.