Официјално затворен повикот за понуди на јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во рамките на рокот девет компании изразиле подготвеност да испорачаат 900 илјади тони јаглен. Две од нив се од земјава, а останатите се компании од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција, изјави за Утрински брифинг Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.
„Добивме понуди за јаглен од девет компании, периодов ќе правиме евалуација на пристигнатите документи. Со овие количини се обезбедува непречено функционирање во наредните 6 месеци. Електричната енергија од третиот блок на РЕК Битола ќе се користи за стопанството, вели за Утрински брифинг Ковачевски.
Во наредните неколку дена ќе се разгледуваат понудите, а во понеделник ќе биде избрана најповолната понуда за РЕК Осломеј.