ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Ќе се инвестира во проекти кои ќе дадат поголем ефект кај граѓаните

November 5, 2021 15:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

За 2022 година планираме развоен Буџет, со повисоки капитални инвестиции од дефицитот, и насоченост на парите според политики што ќе дадат поголем ефект кај граѓаните, бидејќи тоа се пари на граѓаните, што значи дека ќе се добие „вредност за парите, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Целта на овој Буџет, како што нагласува тој, е остварување повисоки стапки на раст и подобар животен стандард за граѓаните. Според него, во Буџетот веќе се планирани најавените инструменти предвидени во  Планот за забрзан економски раст, кои што треба да мобилизираат средства од приватниот сектор, при што и граѓаните ќе можат да учествуваат во реализацијата на важни инфраструктурни проекти. Станува збор за развојни, проектни, зелени обврзници, како и обврзница индексирана со инфлација. Министерот најави и развивање на нова платформа со Блумберг со што ќе се овозможи и регионални банки да инвестираат во наши хартии од вредност.

Во однос на обврзницата индексирана за инфлација министерот потенцира дека истата има за цел привлекување на расположливите средства на граѓаните.

-Првата цел е да се мотивира дел од заштедата што е во готовина кај граѓаните, да се искористи за купување на финансиски инструменти. Тоа значи дека ако некој има 10.000 евра заштеда подолго време, таа со текот на времето заради тоа што цените растат и инфлацијата расте, губи вредност. Десет илјади евра пред пет години и денес не вредат исто. Со тоа што граѓаните ќе купуваат обврзници од државата, парите ќе влезат во систем и се добива можност тие пари да се интегрираат и да се намали потенцијалот на неформалната економија, рече министерот Бесими во интервју за Телма телевизија.

Како што информира МФ, Бесими притоа дополнува дека втората придобивка од издавањето на оваа обврзница е што граѓаните ќе добиваат годишен принос на ниво на инфлацијата, така што парите нема да губат вредност. Третата придобивка, посочува, е што парите ќе се користат за финансирање на развојни проекти од национална важност преку што повторно ќе се вратат во економијата.

–Важно е оти секогаш за парите што се вложени од граѓаните, да се нудат пазарни инструменти кои ќе ги мотивираат граѓаните да се вложуваат парите таму каде ќе добиваат повеќе. Ова е еден од инструментите, а на располагање на граѓаните ќе бидат развојната обврзница, проектната и зелената обврзница кои се исклучиво за капитални инвестиции, за што веќе постојат искуства во светот, вели министерот.

Според Бесими, овие инструменти ќе бидат можност и за нашите граѓани од дијаспората кои ги чуваат своите пари во банките во развиените земји каде камата е скоро нула, да ги инвестираат во обврзница врзана со некој проект.

-Ќе имаат можност да инвестираат 10.000 евра или долари за обврзница за некој проект и на тој начин ќе инвестираат во развојот на нивната државата, а при тоа парите им се гарантирани и добиваат приход поголем од оној од банките каде ги чуваат парите во развиените земји. На тој начин нивната поврзаност со државата е уште појака, не само економски, туку нивните пари се претвораат во инвестиција, образложи министерот.

Тој најави дека ќе се развива и нова платформа со Блумберг, за да се развие таков финансиски пазар кај нас, со што ќе се овозможи покрај домашните банки и регионалните банки да можат да инвестираат во наши хартии од вредност, а со тоа да развиваме и нови инструменти што ќе значат повеќе пари за овие инвестициски проекти.

Бесими, во емисијата нагласи дека, се донесени важни стратешки документи, како Планот за фискална одржливост и раст, политики за фискална консолидација. Во однос на мерење на успешноста во реализацијата на инфраструктурните проекти со Буџетот за 2022 година се воведуваат индикатори за успешност на реализацијата.

-Во однос на индикатори за мерење на успешност во овој Буџет имаме новини, пет годишни индикатори за успешност на реализација, наречени инпут и аутпут индикатори кои ќе влезат во наредниот буџет“, информира министерот и додава дека во овој дел ќе се работи со техничка помош од меѓународни финансиски институции како ММФ.

Бесими се осврна и на воведениот КАПЕФ механизам, нагласувајќи притоа дека тој веќе дава резултати во однос на реализацијата на капиталните инвестиции. 

-„За оваа година да имаме подобра реализација, воведовме механизам секој квартал во годината да се прави контрола, но не само тоа, туку и да се реалоцираат средствата за подобра реализација, вели Бесими.

Министерот за финансии се осврна на растот на БДП при што истакна дека институцијата со која раководи не ја променило проекцијата од 4,1 отсто, но, оти индикаторите покажуваат дека тој ќе се надмине на годишно ниво.

–При тоа јавниот долг не се зголеми и заклучно со третиот квартал изнесува 59,3 отсто. Според првични проекции јавниот долг и на крајот на оваа и следната година ќе биде понизок од оној што е проектиран во среднорочната стратегија, односно годинава би бил некаде 61,2 отсто, а следната 2 отсто понизок од проектираното, односно околу 63,9 проценти. Бројките во статистики се менуваат, но трендот е тој и токму Планот за забрзан економски раст ги дава овие цели забрзување на економскиот раст, при тоа фискална консолидација, што значи јавниот долг и буџетскиот дефицит да бидат во рамки на мастришкиот критериум, рече министерот.

Бесими смета дека е најважно што нашата економија, која е мала да се фокусира таму каде има најголем потенцијал, а, според него, тоа се иновациите.

-Сите политики и стратегии во иднина треба да бидат во поддршка инвестиции, иновации и развој, трансформација кон дигитална и зелена економија и не само за нашиот пазар, бидејќи нашиот пазар е мал за да успееме во една таква амбиција. На долг рок треба да го подобриме трговскиот биланс, и да создаваме повеќе доход кај нас, што ќе значи дека нашите граѓани ќе добиваат повеќе пари и подобар стандард, вели Бесими, и при тоа додаде дека помошта треба да е насочена кон фирми кои размислуваат на иновации, инвестиции и опстојување на пазарот. Затоа, како што појасни, се дава поддршка на фирми кои ќе зголемат број на вработени и инвестиции да можат дел од средствата што ќе ги користат да им се претворат во субвенции.

Министерот во интервјуто се осврна и на реформата за унапредување на фискалната децентрализација.

Бесими појасни дека со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа им се дава поголем дел од ДДВ и од данокот на личен доход, што веќе ќе се применува од следната година.

-Покрај обезбедените повеќе средства важно е дека се зајакнува финансиската дисциплина и согласно закон ќе се прогласува финансиска нестабилност, по што се предвидува план за надминување на таквата состојба преку повеќе инструменти, како структурната обврзница на 10 години  која ќе се издава на прилично долг период за да се приспособат општините. Потоа  обврзници кои ќе ги издаваат тие и МФ ќе ја откупи и трето преку стенд бај аранжман. Постојните долгови треба да ги пријават до март и до јуни ќе се склучат договори со општини кои имаат финансиска нестабилност за веднаш да се исчистат од акумулираните обврски“, нагласи тој. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спано за пресудите за Софија: Секоја членка на СЕ е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот

НАЈНОВО

Прекин на водоснабдувањето во Глумово поради дефект на улична мрежа

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Ултрадесничарската АфД не освои градоначалнички места во вториот круг од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk