Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Министрите Шекеринска и Пелеши во Министерството ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, улогата на двете земји – членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност како и унапредувањето на колективната одбрана во рамките на Алијансата.