„Не можеш да му наредиш на срцето кого да сака“ – велеше режисерот Вуди Ален откако се ожени за посвоената ќерка на неговата поранешна сопруга. Оваа љубовна врска, и по 30 години е една од најконтроверзните и најскандалозните во Холивуд.
Вуди Ален (85) ќе остане запаметен како еден од најдобрите режисери во Холивуд, но неговиот приватен живот се врзува за низа контроверзии и скандали.
Речиси 30 години, Ален постојано мора да се брани дека не ја злоупотребувал една од посвоените ќерки на неговата поранешна сопруга Миа Фароу (76). Од друга страна, треба постојано да го оправдува бракот со другата посвоена ќерка на поранешната сопруга – Сун Ји.
Дилан Фароу во моментов има 36 години, а на возраст од само 7 години, во 1992-ра, излезе со обвинувања дека била сексуално злоупотребувана од партнерот на нејзината мајка, односно Вуди Ален.
По три децении, овие обвиненија беа обработени во документарниот филм на HBO, насловен Allen v. Farrow, а режисерот повторно ги отфрли тврдењата на Дилан.
Во документарниот филм, првата епизода во целост е сконцентрирана на односот помеѓу Вуди и Миа, како и на несоодветното однесување на режисерот со нејзината посвоена ќерка Дилан. Но, при крајот, Миа открива дека среде целата драма, дознала дека Вуди е во врска со нејзината друга посвоена ќерка – Сун Ји Превин – која тогаш имала 22 години.
Миа појаснува дека зела јакна од станот на Вуди Ален, кога забележала порнографски фотографии од Сун Ји, која во тоа време била бруцош на факултет.
„Се сеќавам кога мајка ми ми рече: ’Татко ти направил голи фотографии со Сун Ји‘. Тоа беше првиот миг кога си помислив, ’Значи не сум само јас‘“ – вели Дилан во филмот која сметала дека Вуди ја малтретира и Сун.
Вуди Ален и Сун Ји Превин уште се заедно и до денес. Режисерот во моментов има 85 години, а неговата сопруга 51. Заедно посвоија две деца, но во 1997-мата година кога одлучија да стапат во брак, оваа врска беше окарактеризирана како огромен скандал и како врска што ги надмина сите табуа.