ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава, засега не се очекуваат шокови

November 9, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9 проценти за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции. На среден рок се очекува умерено забрзување. Инфлацијата е проектирана на 3,1 процент и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4 проценти.

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови, а проекциите на меѓународните финансиски институции се дека наредната година ќе има стабилизирање во енергетскиот сектор.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска уверува дека ситуацијата будно се следи и дека централната банка има на располагање низа инструменти кои соодветно би се искористиле доколку е потребно со цел да се задржи макроекономската стабилност.

– Будно ги следиме состојбите особено кај енергетскиот сектор и кај глобалниот раст на цените, но засега не се очекуваат шокови, се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки, подвлече Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција посветена на ноемвриските проекции.

Доколку кризата има пролонгирани ефекти, како што истакна гувернерката, тие негативно би се одразиле врз повеќе сегменти во економијата како што се инфлацијата, повисоките притисоци, трговското салдо….

– Ние оваа година правиме умерена нагорна корекција на трговскиот дефицит, односно го влошуваме трговското салдо и токму една од причините се повисоките цени на енергенсите, но засега сите проекции на релевантните финансиски институции се дека ќе има стабилизирање на енергетскиот сектор следната година, истакна Ангеловска-Бежоска.

Според проекциите, дефицитот се очекува да остане во умерени рамки на ниво од 3,8 проценти, а на среден рок да изнесува околу два проценти од БДП, слично на преткризното ниво.

Ризиците за растот се претежно надолни, но според алтернативното сценарио, со кое се предвидува помала странска побарувачка, поголема воздржаност од потрошувачка и инвестиции на домашните субјекти, растот би бил помал во просек од 1,2 процентни поени за периодот 2022-2023 година. Како позитивен ризик, пак, се сметаат ефектите од Планот за забрзан економски раст кој не е земен предвид во проекциите.

Државните резерви, според податоците на Народната банка, изнесуваат 3,6 милијарди евра што е високо ниво во споредба со 2008 година кога изнесувале 1,5 милијарди евра. Позитивни движења се забележани и кај странските директни инвестциии кои во првата половина од годинава изнесувале 190 милиони евра за разлика од истиот период лани кога изнесувале 130 милиони евра. Раст има и кај дознаките од странство во првите девет месеци.

Кај банкарскиот сектор се очекува да продолжи солидната поддршка од страна на банките кон компаниите и кон граѓаните. Кај депозитите се очекува годишен раст од 7,1 проценти годинава и умерено забрзување до 8 проценти на среден рок./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Сабота ден за женско финале на Вимблдон: Анисимова против Швјонтек

July 12, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

July 12, 2025
Фото: ВИ

Трамп воведе царини за ЕУ од 30 проценти

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk