ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Да се води сметка меѓу зајакнувањето на безбедноста и основните слободи и правото на приватност

November 10, 2021 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мора да се води сметка за тенката линија меѓу зајакнувањето на безбедноста, а во исто време опасноста од навлегување во основните слободи и правото на приватност, а со користењето на дигиталната технологија и собраните податоци, таквиот ризик е постоен и реален. Ова денеска го порача претседателот на Собранието Талат Џафери на Парламентарниот дијалог за управување и надзор на разузнавањето во организација на ДКАФ (Центар за демократска контрола над вооружените сили – DCAF).

Како што информираа од собраниската прес-служба, се работи за дводневен парламентарен дијалог и експертска размена на која партениците од албанскиот и косовскиот парламент заедно со колегите од Собранието на Република Северна Македонија ќе дискутираат за управувањето и надзорот врз разузнавањето на Западен Балкан.

-Таа веројатност е секојдневно поголема, имајќи ја предвид еволуцијата на новите технологии за дигитален надзор, а од друга страна останувањето на истите, традиционални механизми на отчетност ја спречува или намалува ефикасноста на телата за надзор над работата на разузнавањето со што се става на испит демократскиот легитимитет и капацитет на разузнавачките и безбедносните агенции, а истовремено се поткопува довербата на граѓаните, на деловните субјекти и јавите власти во генерално политиката, наведе Џафери.

Тој рече дека соработката на Собранието со ДКАФ е динамична и плодна и информира дека на 19-ти ноември е планирано потпишување на уште еден меморандум за соработка и договор за разбирање. Тоа е, како што рече, потврда дека сме си потребни едни на други и дека заедно сме на добaр пат кон реализација на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“. Според него, потреба е и неопходност за да бидеме рамо до рамо со нашите партнери во НАТО сојузот, пред се, за безбедноста на нашите граѓани и институции.

Џафери потсети дека во декември 2019 година беше донесен законот за класифицирани информации, кој што, како што кажа, е прилагоден на стандардите на Европската унија и НАТО и со кој се наметнуваат одредени законски норми и стандарди на Собранието, како и впрочем на сите институции што располагаат со класифицирани информации. Односно, појасни, да преземат мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата – корисници на класифицирани информации. Веруваме дека со него се обезбедува зголемено ниво на отчетност од страна на создавачите на класифицираните информации и се осигурува демократското владеење и надзор, рече Џафери.

Според него, голем удел во подобрувањето на работата на разузнавачките служби има прецизирањето на надлежностите и секоја надзорна комисија да го знае и сфати тој процес на распределување на задачи и очекуваните резултати од тие процеси.

ДКАФ, како што рече, е посветен на тоа државите и луѓето да бидат побезбедни во рамки на демократското владеење, владеење на законот и почитувањето на човековите права. Џафери изрази задоволство што се во партнерство со ДКАФ во спроведувањето на реформите во овој сектор.

На денешната конференција ќе се дебатира за регулирањето на класифицирањето на информациите и нивната заштита, за безбедносните мерки и проверки и дали пратениците што се членови на соодветните надзорни комисии треба да подлежат на таквите проверки за да им биде овозможен пристап до доверливите информации.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче смета дека не се потребни нови мерки

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

October 4, 2025

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

October 4, 2025
Фото: МИА

Лидерите на Западен Балкан в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk