На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи остаката, кажа претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека дебатата била конструктивна, имало и критичност, но расправата се одвивала во демократска атмосфера.
-Разговаравме за сето она што претставува реална состојба во државата во моментов. Прашањето за резултатите од локалните избори секако дека во иднина ќе се отвори, но во моментов има поважни прашања и затоа ЦО препорача Заев да ја одложи оставката, кажа Костадинов.
Според него иако ја почитува одлуката за оставка на Заев, имајќи ги предвид состојбите, потребна е нормализација в државата и општеството.
-Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати, истакна Костадинов.
Тој потсети дека беа одржани локални избори, а за жал, како што вели, кај нас сите избори се на „живот или смрт“.
-Државата верувам дека нема да го напушти демократскиот пат и да западне во ретрогадни процеси, кажа Костадинов.
Д. Е.