ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неизвесност на политичката сцена, меѓу политичката криза и стабилноста

November 13, 2021 12:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Bowling strike hit with fire explosion. Concept of success and win.

Bowling strike hit with fire explosion. Concept of success and win.

Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов, владее голема неизвеснсто на политичката сцена. Државната МИА објави преглед (обработката е редакциска) на спротивставените политички позиции во претстојниот период. Ни претстои разјаснување на состојбата со мнозинството во Парламентот, носењето на Буџетот за следната година, барањето од опозицијата за брзи предвремени парламентарни избори, евентуална реконструкција на владиниот кабинет, од кој по завчерашната неуспешна иницијатива на опозицијата за гласање недоверба на Владата се повлекоа кадрите на Беса.

СДСМ ќе обезбеди стабилност и напредок, бара оставка од Мицкоски, ДПМНЕ бара избори

СДСМ вчера порача дека заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата, барајќи истовремено оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од опозициската партија, пак, инсистираат на брзи предвремени парламентарни избори оценувајќи дека власта е делегитимирана по резултатот од неодамнешните локални избори.

Според СДСМ, Мицкоски со денови го лажел народот дека има ново мнозинство, а како што рече портпаролката Богданка Кузеска, криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги. – Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ, и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори, рече на прес-конференција Кузеска.

Шпекулациите на ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведоа дека СДСМ на Локалните избори изгуби со над 100.000 гласови разлика и нема легитимитет од народот за да владее, а Зоран Заев треба да си ја реализира најавената оставка.

-СДСМ има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратеник. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во Собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го недоаѓањето на собраниската седница на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.

Кастриот Реџепи се огласи, Биљал Касами го исклучи, а тој одговори со „God bless America“

Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот фејсбук-профил и најави дека в понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото недоаѓање во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата. Го повика Движењето БЕСА да не презема избрзани чекори кои, како што напиша, ќе им наштетат на нашите структури и активисти. По ова уследи објава на Фејсбук од претседателот на Движењето Беса Билал Касами, во која информираше дека го исклучил од партијата Реџепи.

–Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието претходниот ден, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса, напиша Касами.

-God bless America – гласеше краткиот одговор на Кастриот Реџепи на социјалните мрежи.

Касами претходно информираше дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен, но Министерството за внатрешни работи, соопшти дека Реџепи вчера своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со семејството заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Алтернатива, една од можните алтернативи

Партиските тела на Алтернатива, деновиве, како што изјави пратеникот Скендер Реџепи, ќе одлучат за една од двете опции – едната сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а втората да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека ќе се одлучи кои од двете опции е поважна за државата и граѓаните, ставајќи ги во прв план нив, а потоа партиските интереси.

Според пратеникот на Алтернатива, пред партијата да донесе каква било одлука ќе се разгледаат многу фактори, но меѓу најважните, како што рече, бездруго е меѓународниот фактор, но има и внатрешни фактори со кои треба да се координираат. За да има условно кажано брзи избори, опозицијата, според него, треба да помогне буџетот да помине, со консензуален договор.

Не е време за избори

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, пак, синоќа во телевизско гостување рече дека сега не е добро да се оди на брзи избори.

-Не сум против избори поради изборен резултат, но сум против избори поради контекстот во кој се наоѓаме. Пред изборите во Бугарија, пред датум за почнување на преговорите со ЕУ, по еден макотрпен процес за граѓаните како што се локалните избори кои се доста тешки и кои одземаат доста енергија, секој политичар, секој што се натпреварува, и граѓаните, па и вие новинарите, се изморени. Затоа мислам дека тоа не е добро решение. Но, сепак, останува тоа да го докажува секое мнозинство. Ставот на Алтернатива е дека не е добро сега да се оди на избори, истакна Гаши.

На прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во Владата тој одговори дека немаат ниедна понуда.

„Принципиелно е, посочи, ние да дискутираме прво со ВМРО и Алијанса, да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие, а како ние на процесот за излез од кризата. Ние сме демократска партија со доста развиена демократија, ние не ги добиваме одлуките од еден човек или од некоја тесна група туку ја отвораме како дебата внатре, дискутираме долго, ги анализираме сите димензии и ја носиме таа одлука за која мислиме дека е во интерес на сите граѓани“ – рече Гаши.

Министрите на Беса во оставки, дури по неуспешниот обид за соборување на сопствената влада

Во меѓувреме, најавените оставки ги ефектуираа кадрите во Владата од Беса, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа вчера заедно со заменик министрите за образование и наука и за култура Арафат Шабани и Седат Сулејмани. Оставките ги поднесоа како морален чин и почитување на одлуките на органите на движењето Беса.

Хоџа, кој е и генерален секретар на Беса, оцени дека не е загрозен евроинтеграцискиот пат на државата, туку демократијата и тоа од страна на ДУИ, која, како што рече, треба да се реформира. Можноста „Алтернатива“ да се приклучи на актуелното парламентарно мнозинство, Хоџа го искоментира како „самоубиство за секоја партија“.

ДУИ бара извинување

По неуспешниот обид за формирање ново парламентарно мнозинство вчера се огласи владејачката ДУИ, од каде оценија дека по завчерашните настани победиле граѓаните и прогресивните евроатлански сили, пријателството со Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

-Лажните вести што ги пренесоа сојузниците на Левица – Таравари и Села, Касами и Хоџа целосно пропаднаа. Тие го немаат мандатот од народот и мора да се извинат за целиот стрес што вчера им го предизвикаа на граѓаните, соопштија ДУИ од каде уверуваат дека ќе останат на евроатлантскиот пат и ќе продолжат да работат во насока на интеграција на земјата во ЕУ.

*

Мицкоски пред една недела, заедно со Алтернатива, Беса, Левица и Алијанса за Албанците, најави ново парламентарно мнозинство по што беше поднесена иницијатива за гласање за доверба на Владата, но дневниот ред на собраниската седница завчера не беше изгласан поради немање на потребниот кворум, откако пратеникот Кастриот Реџепи не се појави на седницата.

Извор: МИА, обработката и насловот се редакциски

Next Post

Чудесна глетка: Јато фламинга на Охридското Езеро

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk