ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН МОДА

Новата модна колекција на Ирина Тошева со гласна порака за културна одржливост

November 15, 2021 17:25
in ДЕНЕС, МОДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дизајнерката Ирина Тошева ја обзнани својата нова модна колекција „Зина“ со модели изработени од одржливи материјали и остатоци. Целата колекција креативно трага по опстојувањето на културата и традиционалните занаети во идно време, каде Ирина соработува со последниот традиционален јорганџија во Старата скопска чаршија и јорганџиството како занает во изумирање и тежнее кон негово актуелизирање и заживување во моден контекст, пишува Мета.мк.

Инспирацијата доаѓа од споменикот „Жена борец“ на скулпторот и академик Боро Митриќески, кој претставува синтеза и соодветен баланс на модерната, меко и елегантно изведена стилизација, со нагласени форми. Ги чествува жените учесници во Народноослободителната борба, кои биле вкупно 5752, а меѓу кои и има и седум народни херојки, по кои се наречени облеките.

„XENA“-Ирина Тошева, модел: Веда Евтимова

При креирањето, дизајнерката се стремела кон транспарентен синџир на производство без отпад со користење еколошки материјали со сертификати, кои го гарантираат составот и етичкото производство, остатоци материјали од локални фабрики и работење со дигитално изработени кроеви. Истото придонесува кон развивањето на цирклуларната економија во нашата земја.

„Културна одржливост е одржувањето на културните верувања, културните практики и занаети, зачувувањето на наследството, обидувајќи се да одговори на прашањето дали ќе постои или не некоја дадена култура во контекст на иднината. Одржливоста е способност да се одржи и/или продолжи. Двата поими се испреплетени во општествените и политичките домени и како такви, станаа еден од поважните концепти на одржливост“ – истакнува Тошева за својата колекција.

„Опстојувањето на занаетите во идно време, од нас бара да ја спасиме нашата животна средина сега“.

Моделите се надополнети со накитот на Ксенија Котев, која креира модерни додатоци инспирирани од традиционалната техника филигран. Седумте дизајни изработени од 925 сребро се збогатени со импресивен избор на полускапоцени камења, создадени од природата, вешто поврзани со значењето на седумте енергетски центри во телото- чакрите.

„Чувството на радост и инспирација може да се роди во секоја мисла, емоција и глас на интуицијата кое ги отсликува боите на животот. Ја зголемуваме свесноста на нашето вистинско, љубовно и духовно јас со прифаќањето на спиритуалниот живот, кој почнува кога ќе се ‘родиш повторно’”- изјавува Котев.

Едиторијалот за најновата колекција „XENA“ е снимен на уште една, како што вели Тошева, заборавена и сосем занемарена локација: базенот и паркот во Сарај. Фотографиите ги има направено Александра Костадиновска, модел е Веда Евтимова (Моделс Ин), додека за шминката се погрижил Виктор Мирчевски, а фризурата е дело на студиото Hairhouse. Чевлите се од Shuster.

„XENA“-Ирина Тошева, модел: Веда Евтимова

Дизајнерските парчиња може подетално да се погледнат и нарачаат на веб страницата на дизајнерката, каде може и да се закаже термин за посета на ателјето.

Колекцијата „Зина“ е дел од поддржаните проекти од локален интерес во културата на Град Скопје, за 2021 година.

„XENA“-Ирина Тошева, модел: Веда Евтимова

Годинава темата на модниот викенд беше #NoWasteMk при што сите колекции беа направени во духот на одржливата мода целосно користејќи рециклирани материјали и останки. На првиот ден на модниот викенд кој се одржа во Битола дизајнерката Ирина Тошева модерираше панел дискусија за како модните продукти можат да ја чествуваат, обноват и регенерираат природата.

Покрај овој проект, Ирина е посветена кон креирање на облеки одржани во здрава врска со природата, а во главен фокус е  да се намали загадувањето преку текстил. Автор е на 10 модни колекции. Таа е добитник на „Young Leaders for Sustainable Development Goals“ (Одржливо Развивачки Цели) награда и национален победник на меѓународната манифестација „Зелени Идеи“ за својата колекција која се одржува во рамките на балканските земји за идејата „Мini Irina Tosheva“ што застапува колекција на одржлива еко-облека за миленичиња. Креатор и супервизор е на повеќе проекти и идејни концепти и настани за прослетвување на идни или сегашни дизајнери кон моќта на одржливата мода како проектот „Nitka“, „The future of fashion is sustainable“, нејзиното предавање на самитот за младите и климатските промени во Скопје и бројни други.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk