ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши вториот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 на Комисијата за финансирање и буџет

November 16, 2021 20:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Заврши вториот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет. Според пратениците од владејачките партии, буџетот за 2022 е развоен и во целост ги следи приоритетите на државата.

Тие сметаат дека тој ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии, а посебен акцент е ставен на економското заздравување, забрзаниот развој, за реформите на правосудството и евроатлантските интеграции, како и за капитални инвестиции и фискалната одржливост. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ владината проекција не е реална поради што, со поднесени 200 амандмани, ќе се обидат да интервенираат во областите за кои сметаат дека се битни за граѓаните.

Пратеникот од владејачкото мнозинство Панчо Минов рече дека наместо компарации на буџетот со претходните години, целта ќе му биде коментирање на одредени буџетски постапки од аспект, она што е основна дејност на пратениците, носењето на закони, а и рефлексија на правата, интересите за решавање на проблемите на граѓаните и стопанските субјекти.

– Никој досега не искоментира дека значително се зголемуваат во приходниот дел капиталните приходи, меѓу другото, и од продажба на државно земјоделско земјиште. Тоа е една новина, која е многу значајна, по можните реперкусии и очекувани остварувања на права пред сè на стопански но и на индивидуални субјекти. Ние во една прилика укажавме дека треба да се формира еден државен независен орган кој ќе располага со државното земјиште, рече Минов, кој истакна дека треба да се донесе нов закон за закуп и продажба на државно земјоделско земјиште.

Тој, меѓу другото, говореше и за зголемување на субвенциите за земјоделците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефимов, реплицирајќи му на Минов рече дека неговиот говор бил како на пратеник од опозицијата.

– Пет години ги барате истите работи и не можете да ги остварите. Треба да побарате од некои ставки да се одземе и да се распределат средствата за проектите кои ги барате. Како на пример, парите предвидени за луксузни возила може да се пренаменат за она што го барате, рече Ефтимов, кој потенцира дека дел од тоа што го бара Минов и тие го поддржуваат.

Ефтимов рече дека не се согласува со констатацијата на Минов дека со овој буџет се предвидени повеќе капитални приходни, од продажба на земјоделско земјиште. Зголемувањето од претходната година е мало, односно од 20 милиони евра на 20,6 милиони евра.

– Во делот за исплаќање на суми спрема земјоделците, зошто не кажавте дека, поминаа седум месеци а средствата за тутунарите, предвидени со петтиот пакет, не се исплатени, забележа Ефтимов.

Тој меѓу другото рече дека е нереално што за капитални инвестиции се предвидени на 615 милиони евра, и оти лани ниту половината од парите не биле искористени за таа намена, туку биле пренасочени на други ставки.

Минов во контра реплика до Ефтимов му рече дека нема потреба од контра-реплика оти пратеникот реплицирал за нешто што тој не го кажал, туку имал однапред подготвен говор.

Продолжението на расправата за Предлог-буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет, ќе биде дополнително закажано.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Гугл планира да инвестира 740 милиони долари во Австралија

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk