ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

30 години од донесувањето на Уставот

November 17, 2021 08:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на независноста.

Граѓаните на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ја изразија својата волја и го дадоа својот глас земјата да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија. Независноста уставно-правно беше заокружена со донесувањето на Уставот со 93 гласа во Собранието на 17 ноември 1991.

Работниот текст на Уставот го пишуваа професорите Владо Поповски,  Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски.

Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.

Уставот е највисок правен акт и досега има претрпено неколку амандмански измени.

Последната беше во 2019 година кога македонското Собрание со 81 глас „за“ ги изгласа четирите уставни амандмани за менување на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа. Собранието го донесе и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Претходно, измени на Уставот беа направени и во 1992, 1998, 2001, 2003, 2005, 2009 и во 2011 година.

Уставот е составен од преамбула и членови. Членовите на Уставот се поделени во неколку глави. Првата глава е посветена на основните одредби, втората на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, третата на организацијата на државната власт, четвртата на Уставниот суд, петата глава се однесува на локалната самоуправа, шестата на меѓународните односи, седмата на одбраната на Републиката, воена и вонредна состојба, осмата се однесува на измените на Уставот и деветтата глава се преодните и завршни одредби.

Темелните вредности на уставниот поредок се дефинирани во членот 8 став 1 од Уставот и тоа се основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, слободното изразување на националната припадност, соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, владеењето на правото поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори, правната заштита на сопственоста, слободата на пазарот и претприемништвото, хуманизмот социјалната правда и солидарноста, локалната самоуправа, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Уставниот развој на земјата историски може да се подели на три периоди. Првиот од 31 декември 1946 година кога е донесен Уставот на тогашната Народна Република Македонија, како една од конститутивните републики на поранешна Југославија. Вториот период е со донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија на 25 февруари 1974 година, а третиот од 17 декември 1991 година кога е усвоен последниот и се уште актуелен Устав на денешна Република Северна Македонија./МИА/.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ИЈЗ: Минатата недела за 8,1 отсто помалку заразени до Ковид 19

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk