Здравјето на нашите деца е наш врвен приоритет. Од 2016 година до денес, смртноста кај предвреме родените бебиња е намалена од 25% на само 8,9%, напиша Премиерот Заев притоа споделувајќи емотивно видео.
– Бетим е најмалото бебе родено во регионот во 23,3 гестациска недела, со само 700 грама тежина. Како резултат на посветеноста на тимот од Клиниката за гинекологија и акушерство, денес Бетим има 3 години и е здраво и среќно дете. Министерството за здравство преку инвестирање во најсовремена опрема, обезбедување најдобри услови, обуки и едукација на лекарите и медицинскиот персонал, овозможија европски стандарди во здравство во Северна Македонија за многу млади животи да бидат спасени, стои во објавата на Премиерот.