ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали „Правното признавање на родот во Северна Македонија“ ќе биде имплементирано?

November 18, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија вчера во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, а со поддршка на Советот на Европа и Коалиција Маргини, се одржа тркалезна маса на тема „Правното признавање на родот во Северна Македонија“.

Целта на тркалезната маса, како што соопшти коалицијата „Маргини“, беше да се презентира прелиминарната анализа за правното признавање на родот во Северна Македонија и наодите од неа да се дискутираат со пратениците, претставниците на институциите, граѓанските организации и транс заедницата.

Анализата е дел од пилот проект што има за цел да обезбеди тематска анализа на имплементацијата на препораката CM/Rec (2010)5 на Комитетот на министри за борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во земјите – членки на Советот на Европа. Република Северна Македонија, заедно со три други земји како Кипар, Литванија и Шпанија се согласи да учествуваат во овој проект на Совет на Европа, информираат од коалицијата.

Тркалезната маса ја отворија пратеничката Маја Морачанин, воедно и координаторка на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, Елени Цецеку, раководителка на одделението за сексуална ориентација и родов идентитет при Советот на Европа и Светлана Цветковска, раководителка на сектор за еднакви можности, МТСП и контакт лице на Европската мрежа на владини претставници за ЛГБТИ прашања.

По воведните зборови, авторката на анализата Наташа Бошкова ги презентираше клучните наоди кои укажуваат на отсуство на јасна законска рамка за правно признавање на родот што резултира со проблеми на трансродовите луѓе да можат да си ги остварат основните права на образование, здравствена заштита, вработување и користење на добра и услуги во секојдневниот живот.

Предлог – законот за измена и дополнување на законот за матичната евиденција што се наоѓа во собраниска процедура делумно ги коригира недостатоците на постоечката законска рамка и доколку се усвои ќе се пополни правната празнина поради која се прекршуваат правата на трансродовите луѓе. Во таа насока Бојана Николин, правничка во одделот за извршување на пресуди на ЕСЧП ја потенцираше обврската на државата да ја спроведе пресудата на начин што во најбрз рок ќе усвои закон што ќе овозможи брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Во дискусијата што следеше се вклучија пратениците претставниците на институциите, граѓанските организации и транс заедницата и сите се согласија дека е потребно усвојување на предлог законот во форма во која е предложен, а потоа да се работи на негова доследна имплементација. Наодите и заклучоците од дискусијата ќе се интегрираат во анализата, а препораките од неа ќе послужат на доносителите на одлуки да ја унапредат законската рамка и праксата со што ќе се овозможи правно признавање на родот во сите сфери на живеењето, соопштија од коалицијата „Маргини“.

извор: МИА

Next Post
sdk.mk

СДК: Повторно паркирани возила на тетовскиот булевар Илинденска, на местото на велосипедската патека

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk