ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Што бараме да зборуваме за Самоил, ако критериумот е ЕУ?

November 22, 2021 20:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, оценува, се уште се одвиваат во рамки на Парламентот, низ процедура, и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица, информираат од МИА.

Како што рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, најголемата заблуда е дека тој во ваков случај треба да свика лидерска средба.

Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа.

-До овој момент не сме влезени и не верувам дека ќе влеземе во бугарско сценарио зашто тоа значи дека ниту една од партиите не може да направи мнозинство и мора да се оди на предвремени избори. Мислам дека одолговлекувањето е само зашто најавата на Заев е дека би сакал прво да го избере партискиот лидер па тој потоа да биде мандатар на новата влада, истакна Пендаровски.

Тој е дециден дека немал дилеми, ниту какви било двоумења на кого да го даде мандатот кога требаше да се гласа доверба на Владата во Собранието и кога имаше „трка“ околу мнозинството.

-Јас бев на чисто што ќе правам во однос на мнозинството. Прво се гласа недоверба на Влада, па бираш нова со мнозинство од 61 пратеник. Ако ја срушеа Владата со 61 пратеник, ќе беше легитимно на втората по бројност пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ, да и се даде мандатот. Ако останеше тоа мнозинство и кога требаше да се бира новата влада, допволен ќе беше само телефонски повик од лидерот на опозицијата и тука Уставот не остава простор, мора да се даде мандатот на тие што го имаат мнозинството, објасни шефот на државата.

Во однос на спорот со Бугарија, Пендаровски порача да се скоцентрираме на оние кои евентуално ќе направат нова влада. Радев, потсети Пендаровски, во моментов е единствената функционална институција и таква ситуација во Бугарија може да има до 14 декември.

-Можеме да разговараме што тие мислат. Што бараме да зборуваме за Самоил, ако критериумот е ЕУ?, рече Пендаровски.

Next Post

Филипче: Барањата на синдикатите утре ќе ги разгледува Владата

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk