ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расположението на мнозинството членови на Алтернатива е за влез во Владата

November 22, 2021 16:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Расположението на мнозинството членови на Алтернатива е за влез во Владата, велат за „Слободен печат“ од партијата. Високи функционери велат дека нема да бараат влакно во јајцето за да ја одбијат понудата, туку прифаќање на нивните програмски определби. Централното претседателство на Алтернатива утре вечер треба да реши дали ќе продолжат разговорите со премиерот Зоран Заев за зголемување на мнозинството во Собранието или ќе останат во опозиција. СДСМ, пак, на седници на Централниот и на Извршниот одбор, според најавите, утре ќе расправа за оставките на Заев од партиската и од премиерската функција, со што ќе почне постапката за избор на нов партиски лидер.

Клучно за Алтернатива е програмските определби на партијата да бидат дел од програмата на Владата, но и добивање министерски и директорски места за да се реализираат нивните барања. За Алтернатива не е битно дали ќе има нов мандатар, туку реализација на нивната програма, но додаваат дека ако има нова влада, тоа ќе значи нови преговори за поделба на владиниот колач. Од Зоран Заев побарале еднаков третман како кон ДУИ.

Според функционери од Алтернатива, Гаши на средбата со Заев на маса ставил 7 до 8 барања кои се битни за партијата како услов да се биде дел од власта. Приоритети на Алтернатива се да нема отстапување од евроинтеграцискиот процес, правда, односно повторни судења за, според нив, неколку политички монтирани случаи, за кои треба да има и странска експертиза. Меѓу барањата се и развој на Липковскиот Регион, каде што, според Алтернатива, по конфликтот од 2001 година не се подобрени состојбите. Заинтересирани се и за социјалната политика, односно да се обезбедат пари и помош за трето дете.

„Тоа бара и промени во законската постапка, врзана со извршителите, но и уредување на сферата со казината, односно ограничувања – каде и колку обложувалници да има“, велат од Алтернатива.

Лидерот на партијата Африм Гаши наводно побарал од Заев и да се утврдат рокови за реализација на проектите. За Алтернатива е битно и Владата да го истурка мандатот докрај.

Како што дознава Слободен печат, на Алтернатива ќе ѝ бидат понудени две министерски места, и тоа од некои од ресорите образование, здравство, труд и социјала, култура или земјоделие. Алтернатива бара гаранции и за заменици министри, но и повеќе директорски места.

 

 

Next Post

Филипче: Сите кои тргнуваат од принципите на медицината ги поддржуваат мерките, Уставот гарантира дека јавното здравје е пред се

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk