ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината, Софија очекува конкретни резулати од дијалогот со Скопје

November 26, 2021 08:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските власти остануваат на ставот дека во следниот период активно ќе се бара решение за отворените прашања со Бугарија. Софија, пак, порачува дека нејзината позиција кон Северна Македонија останува непроменета и очекува конкретни резултати од дијалогот со Скопје.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во интервју за БГНЕС рече дека добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Северна Македонија се без алтернатива. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека во следниот период активно ќе се бара решение по однос на политичките прашања. Како што знаете, истакна шефот на дипломатијата, Северна Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение.

– Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија, порача Османи.

Тој нагласи дека немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме, потенцира шефот на дипломатијата, дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат.

За време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација истакнала дека „Република Сверна Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција“.

– Во последните неколку месеци бугарската страна предложи голем број опции за надминување на отворените прашања со Северна Македонија, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Нашите партнери во РСМ треба да преземат конкретни обврзувачки ангажмани, од кои некои треба да се спроведат на краток рок, а останатите треба да бидат меѓу барањата во идната преговарачка рамка. Се додека тоа не се случи, не може да се очекува напредок во процесот на проширување со Северна Македонија, изјави шефот на бугарската делегација, амбасадорот Румен Александров.Бугарскиот претседател Румен Радев вчера во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакнал дека Бугарија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил „почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство“ во земјава.

Во исто време, бугарски премиер Стефан Јанев рече дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета.

Според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Јанев, исто така, нагласи дека пред неговата преодна Влада да ја преземе функцијата во мај оваа година, позицијата на Бугарија не била јасно соопштена. – Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави Јанев.

Последниот Самит на Европската Унија за годинава, под словенечко претседавање, ќе се одржи на 14 декември. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата бара дополнителни анализи од КЗБ за предложените ковид-мерки и нови предлози за поттикнување на вакцинацијата

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk