До овој момент, претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснил по однос на иницијативата и не закажал седница што е незабалежано во праксата.
Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница на која прво ќе се гласа за оправданоста на итноста, а откако ќе се утврди оправданоста Советот ќе гласа по однос на точките од днневниот ред.
Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина, што побрзо да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот, затоа што нема потреба за такво нешто.
Но очигледно дека Славески не наоѓа разбирање за ситуацијата или пак свесно калкулира, па денеска цел ден молчи и не закажува вонредна Седница на Советот на Град Скопје.