Награди и стимулативни мерки за припадниците на Армијата, војници, подофицери и офицери, кои летово кога државата ја зафатија пожари, со воено инженериски машини и механизација и со хеликоптери од воздухопловниот Винг, безрезервно, професионално и храбро се ангажираа во помош на граѓаните и учествуваа во гаснењето на пожарите. Армијата помагаше во гасењето на пожарите на 13 локации низ Северна Македонија – во регионите на Кочани, Делчево и Пехчево, кај селата Иственик, Робово и Умлена, во реоните на Валандово, Прилеп, на Плетвар, во селото Топлица, во Старо Нагоричане и Овче поле.
На прес конференција во август годинава по повод ангажманот на Армијата во справувањето со пожарите министерката Шекеринска изјави: „Беспоштедно, без резерви, без калкулации Армијата излезе за своите граѓани и за својата држава“…„Ниту еден од нив не постави прашање, ниту еден не се скри, ниту еден не замина во најтешкото, туку сите беа присутни и тоа беа присутни постојано. Сите заслужуваат највисоки оценки и пофалби дека тоа што го сработија беша навистина херојство“ рече тогаш Шекеринска и порача: „Јас како министерка за одбрана чувствувам потреба на сите да им се заблагодарам и да им кажам дека ниту јас ниту оваа држава тоа нема да го заборави“.
Наградите и стимулативните мерки кои беа најавени на Денот на Армијата од страна на министерката Шекеринска, денеска ќе бидат доделени на припадниците на Армијата за успешно справување со пожарите. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе се обрати на доделувањето на наградите во Касарната Илинден, со почеток во 10:00 часот.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот.
Заради процедурите за влез и заштита во време на пандемија, ве молиме да пристигнете на влезот на касарната „Илинден“ најдоцна до 09:30 часот.




