ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска- Форсгрен Бенгтссон: Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример прифатени и од другите држави во регионот

November 29, 2021 19:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија Кристин Форсгрен Бенгтссон.

На средбата ги презентираше активностите кои Министерството за труд и социјална политика  во континуитет ги презема на планот на превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата.

Министерката информираше дека преку Секторот за еднакви можности, МТСП има улога на координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој петставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Шахпаска нагласи дека огромна е улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои  се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.

„Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Во нашата држава во моментов постојат пет тима составени од претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и од  здравство и од претставници од невладините организации. Тие функционираат  во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и Гевгелија.  Нашата намера е да  формираме уште такви тимови и во други општини, затоа што тие  покажаа огромни резултати во навремено идентификување и превенција на жртви на трговија со луѓе“, рече Шахпаска.

Шведската амбасадорка Форсгрен Бенгтссон ја информираше министерката Шахпска за состојбата со трговијата со луѓе и со законските решенија и мерки кои се преземаат во Шведска. Таа потенцираше дека во изминатиот период голем дел од активностите  од шведската влада се насочени и кон  Северна Македонија.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите во борбата против трговија со луѓе на државите во регионот вклучувајќи ја и Република Северна Македонија. Борбата против трговијата со луѓе треба да биде на високо ниво. Треба да се фокусираме на секоја норма на трговија со луѓе бидејќи во време на пандемијата од Ковид зголемена е онлајн експлоатацијата на луѓето, рече шведската амбасадорка  Форсгрен Бенгтссон.

​

Денеска шведската амбасадорка го посети и Шелтер  центарот за жртви на трговија со луѓе во Скопје.

Next Post
Ацо Шопов

Треба да бидеме подобри

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk