ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трудовата експолатација ја надмина сексуалната експлоатација во земјава

November 30, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сексуалната експлоатација веќе не е доминантна форма на експлоатација во Северна Македонија. Според податоците на МВР, на прво место сега доаѓа трудовата експлоатација.

Како што информира заменик националната координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Светлана Влаховиќ-Димановска, на денешната дебата за борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија, од ова година во земјава имаме промена на доминантната форма на експлоатација и наместо сексуалната експлоатација која со години беше најзастапена, сега на прво место е трудовата експлоатација.

– Ова година во нашата држава е констатирано тренд на зголемување на бројот на идентификувани жртви. Досега се идентификувани 46 жртви на трговијата со луѓе. Секако дека може многу повеќе и ние се залагаме за поенергична активност. Сиромаштијата, невработеноста и семејното насилство, најчесто се главните ризици што ги прават луѓето ранливи и под ризик да бидат жртви на трговијата со луѓето, рече Влаховиќ-Димановска.

– Факт што навистина загрижува и ја алармира потребата од многу поенергична активност и активност, не само на нашата држава, туку една заедничка меѓународна активност, е околноста дека се зголемува и бројот на децата жртви на трговијата со луѓе. Од друга страна пандемијата предизвикана со Ковид-19 и рестрикциите што ги имавме во движењето, ги принудија криминалците да ја пренесат својата форма дејствување на интернет, посочи Влаховиќ-Димановска.

Широката распространетост и лесниот пристап на интернет, како и масовното користење на социјалните мрежи од страна на децата од една страна и нивната неискусност во поглед на препознавање на ризиците од трговијата со луѓе и нивната недоволно запознавања на заштита на личните податоци, од друга страна, според Влаховиќ-Димаовска, енормно го зголемува ризикот од сексуална експлоатација и од врбување на децата како потенцијални жртви на трговијата со луѓе.

– Ова е нова реалност, меѓутоа ние мора да се прилагодиме кон неа и мора да бараме нови одговори, нови начини на дејствување, за разлика од претходните конвенционални облици за борба против трговијата со луѓе, рече таа.

Во април годинава Владата ја донесе четвртата по ред Национална стратегија за борба против трговијата со луѓе, која ја следите ЕУ стратегијата за справувањето со трговијата со луѓе. Покрај ова донесена е и посебен Акциски план за заштита на децата во државата.

Амбасадорката за борба против трговијата со луѓе во шведското Министерство за надворешни работи, Ана Екстед, во ова прилика истакна дека податоците на ЕУ и ОН покажуваат дека не се прави доволно и дека најголем дел од експлоатираните луѓе за сексуални цели се жени, а преголем дел од нив се деца, кои се експлоатираат за сексуални цели, но исто така и за работа. Амбасадорот за борба против транснационалниот криминал и закани во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Жан-Клод Бруне, преку видео обраќање, сподели неколку негови искуства во борбата против трговијата со луѓе и наведе дека таа е една од најсериозните закани за човековите права, потенцирајќи дека приоритет на француските власти е да се борат против ова злоупотреба и феномен. На светско ниво, според Бруне, 2,5 милиони луѓе се предмет на експлоатација од различни криминални мрежи, што создаваат профит од 50 милијарди евра годишно.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, во својот говор истакна дека освен што е грубо кршење на човековите права, трговијата со луѓе е и закана за нашата безбедност. Последните статистики на Меѓународната организација на труд, како што истакна Голдстајн, покажаа дека во 2016 година на дневно имало по 25 милиони жртви на трговијата со луѓе. Најголем дел од нив биле принудени на сексуална или трудова експлоатација.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk