ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Едукацијата клучна за спречување на стигматизацијата и дискриминацијата на ХИВ позитивните лица

December 1, 2021 17:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 Декември – Светски ден за борба против СИДА, соопштија од кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото тестирање, клучните параметри околу епидемиолошката состојба и трендовите на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија, а воедно беа презентирани и сведоштва од пациенти.

Ѓоргиевска изрази поддршка до сите наши сограѓани кои живеат со ХИВ, до нивните пошироки семејства и до сите институции и организации кои се грижат за лицата со ХИВ/СИДА.

Сопругата на претседателот посочи дека во услови на оваа продолжена пандемија на Ковид-19, овие дискусии и размена на искуства се одлична можност да се запознаеме со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат институциите, како и лицата со ХИВ позитивен статус.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска се осврна на дискриминацијата и стигмата со која се соочуваат лицата со ХИВ во остварувањето на своите права од областа на здравствената и социјална заштита, како и предрасудите од страна на заедницата.

– Клучниот момент во спречување на дискриминацијата и стигматизацијата е едукацијата и поттикнувањето на свеста од најмали нозе. Најважно е да ги научиме децата на правилни навики и сваќања, порача Ѓоргиевска.

Посочувајќи дека ова е глобално здравствено прашање и дека приближно 38 милиони лица во светот живеат со ХИВ/СИДА, Ѓоргиевска истакна дека во нашата земја е постигнат исклучителен напредок во справувањето со ХИВ/СИДА. Во однос на статистиката дека бројот на новоинфицирани лица бележи пад, таа изрази надеж дека тој надолен тренд ќе продолжи и во наредните години.

– Јас се надевам дека до крајот на 2030 година, ќе успееме да ги исполниме оние глобално зацртани цели, а тоа е да имаме нула нови случаи инфицирани со ХИВ во нашата земја“, порача сопругата на Претседателот Пендаровски.

Потенцирајќи ја важноста од чести, навремени и анонимни тестирања и важноста од откривање на инфекцијата во рана фаза,  Ѓоргиевска апелираше да се тестираат не само ризичните групи, туку и сите оние кои имале ризично однесување.

Воедно, таа изрази силна поддршка на платформата на граѓанските здруженија, кои се ангажирани во имплементацијата на ХИВ програмата и ја поздрави нивната одлична соработка со државните институции.

– Сакам да дадам јавна поддршка на сите граѓански здруженија кои соработуваат со државните институции во пружањето на психосоцијална помош, помагаат со тестирањата, давањето на терапија,и даваат поддршка на сите лица, не само на оние кои живеат со ХИВ, туку и на нивните пошироки семејства и пријатели, со цел практично да им се овозможи нормален живот и  тие да можат нормално да функционираат без разлика на нивниот ХИВ статус, истакна во дискусијата Ѓоргиевска.

На панел дискусијата учествуваа доктор Милена Стевановиќ, медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Весна Илиевска, проектна координаторка од Здружение ХЕРА, Андреј Сених, извршен директор на здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Ангела Александровска, едукаторка и волонтерка од ХЕРА Млади и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk