ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на конференција во Стразбур: Изучувањето на историјата е темел на демократската култура и поттикнува почитување на различностите

December 4, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на конференција во Стразбур организирана по повод една година од основањето на Опсерваторијата за изучување историја, на која беа евалуирани резултатите од нејзиното досегашно функционирање.

Целта на оваа опсерваторија е да го унапредува квалитетот на наставата на сите образовни нивоа во сите земји членки на Советот на Европа кои ја прифатија иницијативата за нејзино основање или кои ќе се приклучат во иднина.

Како што информира МОН, Република Северна Македонија од самиот почеток ја поддржа оваа иницијатива и продолжува да придонесува кон работата на опсерваторијата, a министерката Царовска очекува дека придобивки ќе имаат сите држави кои се дел од истата.

– Изучувањето на историјата е темел на демократската култура и затоа сметам дека идејата за основање на опсерваторијата е одлична. Таа е добро место каде преку размена на искуства меѓу државите, врзани за педагошкиот пристап во предавањето ќе се обезбедат придобивки и унапредување на образовните концепти кои земјите ги применуваат, рече Царовска.

Министерката истакна дека оваа научна област придонесува за развојот на демократско граѓанство, затоа што изучувањето на материјата го поттикнува поединецот на почитување на различностите и токму во таа насока, со најкрупните промени досега во областа на основното образование кои во моментов ги спроведува Северна Македонија, опфатен е и предметот Историја, кој наместо од петто отсега се изучува од четврто одделение.

 

Царовска информираше и дека е почната етапна примена на нови наставни програми и учебници, но и интегриран пристап преку кој една тема се изучува од различни аспекти, односно преку повеќе предмети.

– Силно веруваме дека реформите ќе донесат позитивен ефект во образовниот систем кај нас воопшто. Во меѓувреме ќе го споделуваме нашето искуство на меѓународен план, со земјите кои се членки на оваа опсерваторија, затоа што имаме што да кажеме сега откако направивме крупен исчекор за подобро образование. Но, и ќе учиме од вас, со намера да го усовршиме образовниот систем во овој дел., потенцираше Царовска.

Таа додаде дека опсерваторијата може многу да го скрати времето кои и е потребно на една земја за спроведување на истражувања и анализи на меѓународните искуства, доколку креира образовни реформи во делот на историјата, бидејќи сега, како што рече, искуствата на повеќето земји од Европа се споделуваат на едно место, токму преку оваа институција.

Опсерваторијата за изучување историја е основана минатата година, како резултат на потпишана Декларација од министрите за образование на 23 земји во Париз, на 26 ноември 2019 година. Со неа тие  изразија подготвеност да работат на нејзино создавање во рамки на новиот проширен парцијален договор на Советот на Европа.

Досега 17 земји пристапија кон членство во опсерваторијата: Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Франција, Грузија, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Северна Македонија, Португалија, Руска Федерација, Србија, Словенија, Шпанија и Турција.

 

 

 

извор миа.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Герасимовски: Отворен нов пензионерски клуб во Капиштец

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk