ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза, се подготвуваат нови системски мерки

December 6, 2021 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на мерките од Планот за борба против корупција е во напредна фаза, веќе се работи на нови системски мерки коишто ќе бидат имплементирани во новиот План за борба против корупција, порача на денешниот брифинг со новинари, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Вицепремиерот Николовски посочи дека интензивно се работи на измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите, за да од 1–ви јули 2022 години овој процес биде комплетиран и истиот да се применува. Користењето на платформата за Интероперабилност, значи дека институциите ќе ги разменуваат сите информации и документи  по електронски пат.

„Тоа значи дека не може да се чуваат и кријат предмети во фиоки на институциите кои што имаат истражни дејствија, нема да чекаат со месеци за одредени дописи од друга институција се со цел да се забрзаат постапките. Првите шест закони од МВР, а кои се клучни оти таму се законите за лични карти, живеалишта и други се веќе во собраниска процедура, а уште 129 закони Владата ги разгледа, тие се изготвени и ќе го поминат владиниот филтер и на тоа се надополнуваат законите во делот на правосудството. Со тоа ќе имаме над 250 закони кои ќе стапат на сила на 1-ви јули 2022 со што веќе го имаме правниот дел закоружен. Се надевам дека сите политички чинители ќе дадат максимална поддршка и нема да има кочници за овој најсериозен процес преку којшто граѓаните ќе можат електронски, дигитално да ги добиваат услугите и сите сервиси“ рече вицепремиерот Николовски.

На брифингот, вицепремиерот Николовски потенцираше дека веќе се ставени во функција системот за Е-инспектор како и системот за поднесување на претставки за непостапувања по предмети. Подготвена е нацрт верзијата на предлог Закон за потекло на имот и донесена е Стратегија за зајакнување на капацитетите на институциите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Воедно согласно Планот за борба против корупција, се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија и јавни установи, се зајакнуваат капацитетите на јавните обвинителства, се ставаат во функција истражните центри, во функција е одлуката за ограничување на угостителски услуги за работни состаноци на функционерите и за  ограничување на користење на службените возила, а институциите назначуваат лица за внатрешно пријавување, објавуваат антикорупциски програми, интерни процедури за јавни набавки.

Воедно, Николовски потенцираше дека се работи и на нови системски мерки кои ќе бидат дел од новиот План за борба против корупција, како што се Регистарот на цени на стоки и услуги.

Во напредна фаза е подготовката на модулите за спецификација на стоки и услуги за техничките документации, очекувам кон средината на месецов да бидат усвоени техничките спецификации коишто ќе бидат унифицирани за сите институции. Една од клучните мерки е подготовката на Регистар на цени на стоки и услуги којшто ќе биде воспоставен во првата половина на 2022 година. Заедно со модулите на техничките спецификации и регистарот на цени на стоки и услуги, ќе бидат сериозно ограничување на можостите за корупција при јавните набавки. Тие претставуваат една сериозна контрола, отвореност, транспарентност, и институциите ќе мораат да ги користат овие цени коишто ќе ги има во самиот Регистар и којшто постојано ќе се обновуваат“, рече вицепремирот Николовски.

Како дел од новите мерки вицепремиерот Николовски го посочи воведувањето на аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените дејствија од страна на царинските службеници, даночните инспектори и даночните контролори , како и проектот „Mystery shopper“, кој практично значи теренска проверка на институции за утврдување на неажурно, неефикасно и потенцијално коруптивно однесување.

 

 

Next Post

Стартуваше изградбата на топловодна мрежа од РЕК Битола до Битола

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk