ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Донацијата од НР Кина ќе овозможи воспоставување на нови социјални услуги за лицата со попреченост во Берово

December 7, 2021 16:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Јагода Шахпаска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска и амбасадорот на НР Кина, Жанг Зуо, денеска го посетија Дневниот центар за лица со попреченост во Берово, кој ќе биде реконструиран и дополнително опремен со донација на НР Кина известија од Министерство за труд и социјална политика.

Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија донира 1.540.000 денари за зајакнување на услугите на Дневниот центар за деца и лица со попреченост што функционира при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Берово и ја покрива и соседната општина Пехчево.

Донацијата ќе биде искористена за опремување и помали реконструктивни зафати во просториите на дневниот центар. Предвидено е да се опремат, кабинет за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца и лица со аутистичен спектар на нарушувања.

 

1 of 5
- +

 Дневниот центар веќе располага со потребниот стручен кадар вклучувајќи специјализиран кинезитерапевт, специјален едукатор/ рехабилитато,социјален работник, физиотерапевт и медицински сестри.

„Воспоставувањето на различни и индивидуални социјални услуги на локално ниво е еден од приоритетите на Mинистерството за труд и социјална политика. Тие имаат за цел зајакнување на  корисниците  и унапредување на  нивниот личен развој“, оцени министерката Шахпаска.

Таа се заблагодари на поддршката на НР Кина, но и на сопругата на претседателот Ѓоргиевска која беше вклучена во процесот на избор на Дневниот центар за деца и лица со попреченост како институција за која ќе биде наменета донацијата.

Во евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Берово фигурираат околу 300 деца и лица со различен тип на попреченост, кои би биле можни корисници на идните нови услуги на дневниот центар – рехабилитациски и физио-терапевтски услуги.

 

Next Post

Марихуана или алкохол: Научниците објаснија што е поштетно

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk