ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција на НБ: Финтек-секторот сѐ побрзо се шири во индустријата на плаќањата

December 9, 2021 11:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Дури 90 проценти од компаниите и институциите во земјава се свесни за придобивките што ги носи дигитализацијата за финансиските услуги, а над 70 отсто инвестираат во дигитална трансформација, беше посочено на почетокот на 13-тата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што традиционално ја организира Народната банка.

– Финтек-секторот сѐ побрзо се шири во индустријата на плаќањата, којашто бара нови начини за намалување на трошоците, за зголемување на безбедноста и за подобро искуство на клиентите. Задачата на регулаторите е да создадат соодветна, регулирана средина во која ќе се овозможи развој на нови финтек-производи и услуги, а истовремено ќе се заштитат потрошувачите и ќе се задржи стабилноста на финансискиот систем, потенцира учесниците на конференцијата насловена „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор“.

На отворањето на собирот, организиран со поддршка на Централната банка на Холандија, се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерот на Банката на Холандија, Клас Кнот и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Ангеловска-Бежоска порача дека напредокот во технологијата ги отвора вратите за иновативни дигитални услуги во финансиите, но за да се отклучи нејзината вистинска вредност за деловните субјекти и потрошувачите, регулаторите треба да ја одиграат својата улога.

– Народната банка формира Центар за иновации со цел да ги олесни, да ги поттикне и да ги поддржи иновациите во финансиските услуги, вклучително и платежните услуги. На овој начин им помагаме на новите учесници подобро да ја разберат постојната регулатива, а за возврат, тие ни помагаат да ги откриеме потенцијалните регулаторни пречки. Минатата година спроведовме анкета за да го осмислиме развојот на финтек-секторот, којашто покажа дека околу 90 отсто од сите испитаници се свесни за придобивките што ги носи дигитализацијата на финансиските услуги, а околу 70 проценти инвестираат во дигитална трансформација, особено во платежните услуги, иако се чини дека регулативата и големината на пазарот се двете главни пречки за развојот на финтек-секторот, истакна гувернерката.

Таа потенцира дека недостатоците во регулативата главно се однесуваат на областите коишто се однесуваат на перењето пари, заштитата на податоците и платниот систем, што ќе биде опфатено со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто ги вгради директивите и регулативите на Европската Унија од областа на плаќањата.

– Очекуваме дека новата регулаторна рамка и пошироко, примената на Стратегијата за финтек-секторот, ќе придонесат за новото „од внатре кон надвор“ за македонската платежна индустрија, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Во своето обраќање, гувернерот Кнот зборуваше за неколку трендови во плаќањата, како употребата на готовина, развојот на криптовалутите и стабилните монети и употребата на големи бази на податоци и вештачка интелигенција, а ги истакна и можностите и ризиците за секој од нив.

– Како централни банкари и супервизори, искажуваме поддршка за секоја технолошка иновација со чија помош плаќањата би станале полесни и достапни за секого, којашто би придонесла за благосостојбата на нашите општества, за сигурен и стабилен финансиски систем. Но, постои еден задолжителен услов. За нас, како супервизори и централни банкари, довербата оди рака под рака со правилата, регулативата и супервизијата. Од една страна, треба да овозможиме простор за технолошките иновации коишто ветуваат напредок, но од друга страна треба да ги контролираме ризиците. Доколку има преголема слобода на ризиците, луѓето може да ја изгубат довербата во финансискиот систем. Иновациите за кои штотуку зборував не се ограничени со традиционалните граници. За да имаме корист од нив, а истовремено ефикасно да ги спречиме ризиците коишто ги носат, потребен ни е национален и меѓународен пристап, што е и основа за одржувањето вакви конференции на кои се разменуваат мислења и искуства, истакна Кнот.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во обраќањето на конференцијата посочи дека со развојот на пазарот на финансиски услуги ќе се зголеми конкуренцијата, што ќе ги поттикне банките и другите финансиски институции да бидат поактивни во примената на технолошките иновации во финансискиот сектор.

Според него, со растот на новите дигитални технологии за плаќање, потрошувачите и трговците ќе имаат широка палета производи за плаќање и се очекува дека финтек-компаниите ќе воведат нови, иновативни начини за плаќање коишто ќе бидат лесно достапни.

– Оттаму е и новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто ќе овозможи развој на пазарот на платежни услуги и влез на небанкарските институции, како што се платежните институции и институциите за електронски пари. Овие нови даватели на платежни услуги се првенствено од финтек-секторот и се очекува дека ќе ја поттикнат дигиталната трансформација на сегашните учесници на пазарот, нагласи министерот Бесими.

Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура ќе се одвива денеска и утре и за ова време носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата и ќе разговараат за најновите трендови и предизвици коишто произлегуваат од влијанието на новите технологии врз пазарот на платежни услуги, промената во навиките за плаќања во дигиталната ера, можностите и предизвиците од отвореното банкарство, трансформациите водени од финтек-компаниите, безбедноста во дигиталниот простор, како и дигиталните валути издадени од централни банки.

Конференцијата има меѓународен карактер, со присуството на претставници на Европската централна банка и националните централни банки од Европската Унија, Федералните резерви на САД, централните банки на земјите од регионот, Светската банка, Европската комисија, странските деловни банки, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските небанкарски институции коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

извор: МИА

Next Post

(ВО ЖИВО) Панел дискусија на ЦИВИЛ: Рендгенска снимка на Пописот

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk