Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави дванаесетто издание на „Регионите во Република Северна Македонија, 2021 година“, коешто ги прикажува осумте неадминистративни региони во државата, поделени според Номенклатурата НТЕС (Номенклатура на територијални единици за статистика), усогласена со европската регулатива.
ОД ДЗС истакнуваат дека податоците во публикацијата се од голема важност и се користат за планирање и водење на регионалната и локалната политика во државата. Во таа смисла, обработените податоци се основа за преземање на активности и мерки за намалување на разликите во природните, економските, демографските, како и социјалните и инфраструктурните карактеристики на територијалните статистички единици во државата.