ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на Европа: Треба да се залагаме за човековите права повеќе од кога и да е претходно

December 10, 2021 13:12
in ДЕНЕС, СВЕТ

Соочени со предизвиците на денешнината, мора да застанеме во одбрана на човековите права повеќе од кога и да е, и да обезбедиме целосна имплементација на Европската конвенција и пресудите на Европскиот суд за човекови права, изјави генералната секретарка на Советот на Европа по повод Денот на човековите права, кој се одбележува на 10 декември.

„Човековите права, демократијата и владеењето на правото се под голем притисок. Сега повеќе од кога било мораме да останеме верни на нашите вредности, кои се отелотворени и во Конвенцијата за човекови права, и да обезбедиме брза и ефективна имплементација на пресудите на Европскиот суд“, рече Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Таа вели дека државите се во искушение да размислуваат за намалување на заштитата на човековите права кога ќе се соочат со тешки предизвици, кога всушност треба да го направат спротивното. „Кога доаѓаат тешки времиња, тогаш треба да бидеме најмногу посветени на уникатниот систем на вредности што го изградивме во последните 70 години и да се држиме до него.

Европа во моментов се соочува со голем број големи предизвици, вклучувајќи пандемија, илегална миграција, климатски промени и социјални проблеми, вклучително и зголемена верска нетолеранција, расизам, дискриминација и насилство врз жените, рече Пејчиновиќ Буриќ.

– Европската конвенција за човекови права е дизајнирана да им помогне на националните власти да обезбедат почитување на основните човекови права на обичните луѓе во сите околности, а не само во добри времиња, рече таа, додавајќи дека конвенцијата и системот зад неа успешно се прилагодуваат на променливите околности повеќе од седум децении.

– Повеќе од 20.000 пресуди на Европскиот суд за човекови права и нивната имплементација во нашите 47 земји-членки донесоа многу вистински подобрувања во животот на луѓето за широк спектар прашања, вклучувајќи еднаквост, недискриминација, здравје и животна средина и пошироки придобивки за нашите општества, оцени Пејчиновиќ Буриќ.

извор: МИА

Next Post

Истражување: Потребно дополнително прецизирање на одредбите за изработка и донесување на урбанистички планови

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk