ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени неколку угостителски објекти

December 11, 2021 19:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење има нерегуларности.

Притоа, како што соопштија од МВР, во угостителски објект на улицата „Јордан Мијалков“ при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки.

Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се  две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект кај нова железничка станица, при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет, за што ќе им биде изречена парична глоба. Од страна на ДПИ било констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози,.а објектот привремено е затворен.

Во угостителскиот објект на улицата „Анастас Митрев“ при извршената контрола од страна на УЈП биле констатирани повеќе нерегуларности, односно евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки. Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ  составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени  прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект на улицата „8 септември“ при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено  дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е  записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба  а објектот е привремено затворен .

Во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ при извршената контрола од УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки. Од страна на полицијата утврдено е дека десет лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот е привремено затворен.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Доколку и претходните влади инвестираа во енергетскиот сектор, немаше да имаме криза

НАЈНОВО

Гаши: Изборите не се институционална формалност, упатувам јасен повик до сите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

September 28, 2025
Џелал Хоџиќ

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ: го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk