ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ

December 11, 2021 09:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија.

– Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од страна на ЕУ, кои што значително ќе влијаат на довербата на самата Унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави да почнат најдоцна во јануари со преговорите, рече Османи во разговор за Топ тема на Телевизија Телма.

Тој посочи дека во 2019 година двете земји беа во обратна позиција кога ние требаше да се движиме, а Албанија немаше поддршка од неколку земји членки и тогаш беше прашањето дали да се издвои Северна Македонија. Смета дека во интерес на двете држави е да се држат заедно, бидејќи создаваат синергија и даваат една регионална динамика, една регионална компонента на процесот дека ова не е само демократски процес туку и политички процес.

За тоа дали има француска иницијатива за надминување на спорот со Бугарија, Османи вели дека тоа било извадено од контекст од изјавата на вицепремиерот Артан Груби, но оти во последно време е видлива една француска проактивност во изнаоѓање на решение.

– Тоа е добро за регионот и за европската перспектива на регионот имајќи ја предвид тежината на Франција во ЕУ и навистина тоа го гледавме кога го посетивме претседателот Макрон во Елисејската палата, меѓутоа и низ сите мои средби. Јас го сретнав и францускиот колега Ле Дријан и навистина се гледа една проактивност на Република Франција, а имајќи ја тука предвид и проактивноста на Германија која што е константна  и силна, кога двете најсилни држави на ЕУ покажуваат таква проактивност се разбира дека дава надеж на целиот регион дека сепак овој процес има иднина, рече Османи.

Осврнувајќи се на приоритетите на претстојното француското претседателство со Советот на ЕУ, кои вчера ги претстави претседателот Емануел Макрон, шефот на дипломатијата рече дека сепак е добро што тој го извдвоил делот за Западниот Балкан и неговото значење за ЕУ како географски, историски, културолошки, економски дел од Европа, кој еден ден мора да биде дел од Унијата.

– Сите што го следат процесот знаат дека ЕУ со регион надвор од неа, ниту може да биде геополитички фактор во светот, ниту стабилна и просперитетна, вели Османи.

Запрашан за тоа дека Бугарија веќе го потврди своето вето за старт на преговорите со одлуката за неменување на позициите во однос на Северна Македонија на декемврискиот Совет за општи работи, Османи рече дека тоа е став на техничката Влада во Софија.

– Во преговорите има и одредени тактички позиционирања со цел да се изгради подобра позиција за секоја од страните. Јас повеќе го сакам пристапот на доверба и отворен и транспарентен разговор отколку на тактички позиционирања. Ние сме сепак најблиски соседи и треба да живееме заедно, вели Османи.

извор: МИА

Next Post

Нови најави за поголема минимална плата, синдикатот „за“, бизнисот поделен во оценките

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk