пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Да бидеш на вистинската страна во политиката, значи да бидеш на страната на СДСМ. Со овој или со оној на чело, оваков или онаков, со тие или без тие фаворити, односно, паразити, СДСМ е единствената опција на која треба да и се помага секогаш, ама онака, сесрдно, искрено и чисто, во борбата да ги избрише од регистарот на политички субјекти сите партии кои го злоупотребуваат акронимот ВМРО, а пред сите и пред се’, ВМРО-ДПМНЕ, најголемото зло на современа и независна Македонија. Тој вештачки самоубиствен субјект од македонската плуралистичка арена, мора да исчезне…
Тој лидер на СДСМ, кој ќе го реализира ова, ќе има реална и единствена шанса, не само да ја обедини партијата, туку и пучанството во државата, да ја внесе Македонија во европското семејство, а Македонија да стане дел од светските политички брендови за пример на мултиетничка демократска држава. Бугарското вето не е резултат на само на бугарскиот национализам, антимакедонизам, туку на лажниот македонизам од најлажните патриоти на вмроизмот во Македонија. Да, другар Ковачевски, од оние кои наместо во Солун, вчера, конгресот го одражаа во Скопје, од оние кои наместо да одговараат за најголемата пљачка, се машњосуваат и се селфираат како слободни апаши од висок маштаб, на Конгреси на најкриминалната политичка банда во срцето на Македонија…
Реформите во СДСМ, вантре или надвор, мораат сите темели да ги положат врз оваа реалност, врз единствениот пат кон прогресот, а сите лопати во затрупување на политичкото зло ВМРО-ДПМНЕ. Се’ друго, ќе биде уште еден четиригодишен монтиран, ама ужасно досаден филм во кој, едните со другите се договараат за смена на коњот кој ќе го јаваат. Бранко се договорил со Љубчо, Грујо се договорил со Заев, Мицко треба да се договори со Ковачевски. И така наваму и така натаму. Оваа мантра прво треба да биде јасно одбиена од новово СДСМ, и енергично да се влезе во бришењето на ова ДПМНЕ…
Нема ниту економски, ниту социјален, ниту културен ниту академско научен просперитет, ниту каков било друг општествено социјален напредок, нема ЕУ, џабе ќе ни биде и НАТО, додека партиите со префиксот ВМРО живеат во денешницава, во 21 век. Одземете им го најголемото алиби со кое продолжуваат да ја пустошат сопствената држава и го трујат народот држејќи го во минатото, без трошка надеж за подобра иднина…
Македонија нема друг излез, младо момче Ковачевски. Кај тебе е топката, пардон, и лопатата и метлата…
Тенкју…