ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ дипломати: Нема поддршка за одвојување на Северна Македонија и Албанија на европскиот пат

December 13, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширувањето пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена, јави дописничката на МИА од Брисел.

Слично на минатата години земјите членки на ЕУ повторно не можат да ги усогласат заклучоците во делот на проширувањето. Доколку нема заклучоци ова би било втора година по ред како ЕУ не може да постигне согласност за оваа политика. Меѓутоа овој пат поголема е веројатност словенечкото претседателство да настапи со претседателски заклучоци и имиња на земјите кои ги поддржуваат, наместо како што беше лани воопшто да нема никакви заклучоци, брифираат дипломатите во Брисел за МИА.

Несогласувања има и околу Турција и Босна и Херцеговина, а не само околу Северна Македонија.

Што се однесува до македонско-бугарскиот спор, Софија на состанокот минатата недела инсистирала дека Северна Македонија „не ги исполнува критериумите за отпочнување на преговорите“, став кој не добил поддршка од другите 26 земји членки, ниту од Европската Комисија.

Опцијата за одвојување на Албанија од Северна Македонија „доби малку, односно никаква поддршка“, вели висок дипломат на ЕУ за МИА.

Како што дознава МИА од дипломатите присутни на разговорите на амбасадорско ниво, Бугарија се буни за повеќе формалности во заклучоците за Северна Македонија. Една проблематична точка за Бугарија е употребата на „долгото име“ – Република Северна Македонија, на што инсистира Софија.

Нацрт заклучоците на словенечкото претседателство го користат долгото име на сите земји од проширувањето во воведниот дел, потоа во остатокот од текстот се користи краткото име за сите (Северна Македонија, Србија, Албанија, итн.). Софија сака секаде да стои Република Северна Македонија, што е исто така неприфатливо за мнозинството земји членки. Се очекува краен компромис да биде употребата на долгото име за сите земји и во целиот текст, но не само за Северна Македонија, велат дипломатите.

Крупно барање на Бугарија е да се вметне повторно реченицата за почитувањето на Договорот за пријателство, како експлицитен дел од процесот на проширување за Северна Македонија. Иако билатералните договори се секогаш споменати во овие заклучоци, за мнозинството земји членки на ЕУ е неприфатливо тоа да биде вклучено како специфичен дел во преговорите за Северна Македонија, бидејќи е голем ризикот со тоа да се создаде преседан и да се билатерализира целиот процес на проширување, што е спротивно на духот на новата методологија за претпристапни преговори на ЕУ, објаснуваат за МИА дипломатите во Брисел.

Софија има проблем и со временската одредница која е вклучена во нацрт заклучоците. Имено словенечкото претседателство смета дека во заклучоците треба да стои „преговори со Северна Македонија и Албанија оваа година“.

Разговорите сега се водат на повисоко ниво и утре министрите за европски прашања ќе разговараат на темата со цел постигнување компромис за конечните заклучоци пред Самитот на ЕУ, што ќе се одржи в четврток и петок.

Доколку повторно нема заклучоци и словенечкото претседателство одлучи да поднесе само свои заклучоци со поддршка на одделни земји, Бугарија би можела да биде изолирана ако сите други 26 земји членки на ЕУ се потпишат на заклучоците на претседателството.

Разговорите на линија Софија – Скопје – Брисел продолжуваат и денеска и не се исклучува нови нацрт заклучоци до крајот на денот, велат дипломатите, кои во голем дел не губат целосно надеж за изнаоѓање решение за компромис во последен момент и отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана пред 31 декември. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Есма Ќазим, модна креаторка: Сакам кога жените се успешни, среќни и самоуверени

НАЈНОВО

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk