ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Нетфликс објави екранизација на стрип од италијанскиот панкер Зерокалкере

December 13, 2021 17:11
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Две дела на Зелокаркаре: серијата „Искини по цртичките“ на Нетфликс и босанскиот превод на книгата „Заборави го моето име“. Фото: Мета.мк.

Две дела на Зелокаркаре: серијата „Искини по цртичките“ на Нетфликс и босанскиот превод на книгата „Заборави го моето име“. Фото: Мета.мк.

Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна Нетфликс почна со емитување на долгоочекуваната серија „Искини по цртичките“ (анг. „Tear along the dotted line“) на италијанскиот стрип-автор Зерокалкере.

Зерокалкере е псевдоним на италијанскиот уметник Микеле Рек (Michele Rech), кој е сценарист, режисер и го позајмува гласот за истоимениот главен лик.

Гледачите на Нетфликс можат да ја гледаат оваа „темна комедија“ на оригиналниот италијански јазик или да изберат аудио опција со натсинхронизација на англиски.

Во првите недели на емитување серијата има добиено низа позитивни оценки од рецензенти и од публиката, со коментари кои ја препорачуваат и за гледање и за тинејџери и за нивните родители. Taa се состои од кратки приказни кои ги поврзуваат сеќавањата на авторот за една негова пријателка со која се знаеле уште од тинејџерските денови.

Од панкер до меѓународно признат и популарен автор

Псевдонимот Зерокалкаре, кој значи „нула бигор“ е всушнот име на негов профил на онлајн форум што си го одбрал на 17-годишна возраст слушајќи ТВ-реклама за средство за чистење.

Тој е роден е 1983 година во италијанскиот град Картона, како дете живеел во Франција, а од тинејџерските години е дел од римската панк-сцена.

Според специјализираниот хрватскиот портал Stripovi.com, Зерокалкаре припаѓа на супкултурата наречена „Д стрејт еџ“ (The Straight Edge) чии припадници одбиваат конзумирање алкохол, тутун и други дроги или било какви супстанции кои влијаат на свеста. Настаната е во осумдесеттите  години на минатиот век како одговор на инцидентите заради кои тогашната панк сцена била етикетирана како насилна и автодеструктивна.

Покрај цртањето стрипови и работата во областа на графички дизајн, од 2011 г. тој го објавува успешниот и наградуван блог zerocalcare.it за кој во 2012 година ја има добиено наградата Мачианера во категорија најдобар стрип-цртач.

Зерокалкаре до сега има објавено осум графички романи, кои се продадени во над пола милион примероци.

Сите стрипови на Зерокалкаре се или автобиографски или полуавтобиографски со комбинирани метафорични и фантастични елементи. Во вториот тип дела, ликот на армадилото ја претставува неговата совест во форма на имагинарен пријател кого само тој го гледа.

Серијата „Искини по цртичките“ претставува екранизација на првата стрип-книга на Зерокалкаре, оригинално насловена „Пророштвото на армадилото“ (итал. „La profezia dell’armadillo“, 2011).

Во културниот простор на бивша Југославија, „Пророштвото на армадилото“ има дури две преведени изданија, првото во Србија 2015 година и во Хрватска 2019 г.

Mинатиот август сараевската издавачка куќа „Агарти комикс“ објави уште еден графички роман на Зерокалкаре, неговата хронолошки петта книга „Заборави го моето име“ (на босански „Zaboravi moje ime“), која во Италија до сега има доживеано 17 изданија, во вкупен тираж од над 120.000 примероци.

Оваа приказна, првобитно објавена во 2014 година, се однесува на напорите на авторот да се запознае подобро со минатото на своето семејство по смртта на баба му. Во неа тој мајсторски комбинира различни жанрови постигнувајќи низа ефекти на изненадување што го поттикнуваат читателот на размислување и преиспитување општоприфатени ставови. За неа Зерокалкаре има добиено награда за најдобра политичка сатира на фестивалот во Форте ди Марми и награда за книга на годината на РАИ Радио 3.

Во текот на 2015 година во неделникот „Интерназионале“ Зерокалкаре има објавено серија стрип-репортажи во кои го документира неговото патување во Турција и Сирија, во зоната Рожава која е со мнозинско курско население и каде локалните продемократски оружени сили се бореа против терористичката организација ДАЕШ или ткн. Исламска Држава – ИСИС. Наредната година овие стории се собрани во збирката „Се јавува Кобане“ (ориг. „Kobane Calling“) која на Комиконот во Неапол ја има добиено наградата „Мичелуци“.

извор: МЕТА

 

Next Post

Филмот за геноцидот во Сребреница „Quo vadis, Aida?“ прогласен за европски филм на годината

НАЈНОВО

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025
Скриншот

ДИК: Одземени акредитации на осум набљудувачи во Шуто Оризари поради злоупотреба и агитирање

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk