ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на првиот Регионален состанок за градење стратегии за превенција и борба против организираниот криминал во земјите од ЈИЕ

December 14, 2021 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21-от век и неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството. Од тие причини, за успешно справување со овој феномен е неопходен сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот. Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и изнаоѓање нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на првиот Регионален состанок за градење стратегии за превенција и борба против организираниот криминал во земјите од Југоисточна Европа, што во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал во нашата земја, се одржува денеска во Скопје.

Нагласувајќи го фактот дека во Република Северна Македонија постои цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал, министерот Спасовски посочи дека тоа е закана која може да предизвика сериозни безбедносни импликации, така што борбата за сузбивање на овој феномен претставува еден од главните приоритети.

– Организираниот криминал не познава граници, ниту визи, државјанства, етничка припадност, ниту пак постојат правила на делување. Затоа, само со воспоставување правна рамка за остварување на меѓународната соработка помеѓу полициските служби и јавните обвинителства во земјите од Европа, може цврсто да се застане на патот на организираниот криминал, истакна Спасовски.

Во тој контекст ја потенцираше улогата и константната поддршка на Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации во спроведувањето на Конвенцијата од Палермо, како и соработката и посветеноста на оваа канцеларија кон зајакнувањето на стратешките рамки против организираниот криминал, преку регионални и национални активности, во четири целни региони, вклучувајќи го и регионот на Југоисточна Европа.

Наведе дека очекува од денешниов состанок на докажани, високопрофилирални и признаени професионалци, несомнено да развие плодна дискусија, но и да донесе опипливи, конкретни резултати во правец на утврдување, а потоа и натамошно унапредување на стратешките приоритети во борбата против организираниот криминал во нашиот регион.

Сепак, Спасовски клучниот бенефит од состанокот го гледа во иницирање на здружување на претставниците на релевантните институции, меѓународните и регионалните организации, граѓанското општество и приватниот сектор, како клучни општествени чинители за примена на сеопфатен и повеќеслоен стратешки пристап во насока на зајакнување на борбата против организираниот криминал.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Фајненшел тајмс“: Петков дава сигнали за крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk