Новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери што се дел од парламентарното мнозинство, пренесе ТВ21.
– Станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалицииските партнери, како и идната соработка во коалицијата, потврдуваат од СДСМ.
Ковачевски победи на завчерашните непосредни внатрепартиски избори во СДСМ, по што, како што објавивме, до крајот на неделата се очекува Заев да му ја предаде функцијата, а набргу потоа треба да се случи и примопредавање на премиерската функција.