ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Очекувањата Бугарија да ја тргне блокадата се оправдани

December 15, 2021 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како држава ние направивме се за исполнување на условите и за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија. Очекувањата Бугарија да ја подигне рампата и да ја тргне блокадата во духот на европските вредности навистина се оправдани, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, коментирајќи ги синоќешните вести за земјава од Брисел.

Околу нагодувањата за одржување на предвремени парламентарни избори, Кузеска нагласи дека ставот на СДСМ е јасен, дека не е време да се одржат.

– Политичката криза заврши. Изградивме парламентано мнозинство кое што е стабилно. Ставот на СДСМ во однос на предвремени парламентрани избори е навистина јасен. Ние сметаме дека не е време за парламентрани избори и дека нема потреба за предвремени парламентарни избори, туку дека е време за одговорност, соочени со овие предизвици, како што се енергетската криза, ситуацијата со пандемијата и се она пред кое што стоиме исправени, потенцираше Кузеска.

Портпаролката на СДСМ посочи дека е заокружен процесот со Алтернатива и оти парламентарното мнозинство е стабилно.

– Парламентарното мнозинство е стабилно и парламентарното мнозинство е создадено врз основа на стабилност и напредок на државата и секако врз основа на заеднички принципи во однос на европскиот тек на нашата држава. Остануваме посветени токму на ова заедно со парламентарното мнозинство на стратешките цели кои што значат напредок за нашата држава и секако се во интерес на граѓаните.
Постигнато е парламентарното мнозинство со партии кои ги подржуваат сите овие стратешки цели и секако со партии кои се подготвени да се однесуваат одговорно токму во време кога сме соочени со предизвици и во насока на енергетската криза, секако и во насока на пандемијата и сите оние прашања кои ги допираат граѓаните, наведе Кузеска.

Таа на денешната прес-конференција посочи дека македонската економија е стабилна, подготвена да се носи со сите актуелни и идни предизвици.

– Тоа го потврдуваат и бројни статистички податоци и економски параметри. Во третото тромесечје Бруто домашниот производ бележи раст од три отсто. Покрај растот на БДП бележиме и сериозен раст на извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто во споредба со истиот период од 2020 година. Сето ова се податоци кои ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, рече Кузеска.

Портпаролката посочи дека  СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи, постојано презема мерки за заштита и унапредување на економскиот стандард на граѓаните.

– Владата предводена од СДСМ донесе одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година. Покрај цените на лебот, брашното, зејтинот, млекото, сирењето и сувомеснатите производи, се замрзнува и цената на оризот, јајцата и тестенините. Оваа одлука е донесена со цел да се превенираат идни поскапувања на овие продукти кои македонските граѓани најчесто ги употребуваат во секојдневието, нагласи Кузеска.

Таа посочи дека и во следната 2022 година ќе продолжи растот на минималната плата, за што веќе, како што информираше, се договара со синдикатите и бизнис секторот, а ќе продолжи и зголемувањето на пензиите, со цел зајакнување на животниот стандард и обезбедување повеќе пари во секое семејство.

– Во однос на енергетската криза и најавеното зголемување на цената на струјата, државата е подготвена да им помогне на најранливите категории граѓани, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија. СДСМ е тука за граѓаните. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за секој граѓанин, за секое семејство, заклучи Кузеска.

извор: МИА

Next Post

Арсовски: Имунизацијата на деца со педијатриските вакцини против Ковид-19 исклучиво во присуство на родител или старател

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk