ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Треба да почекаме да заврши судскиот процес за „Диво Насеље“

December 15, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да почекаме да заврши процесот за „Диво Насеље“, кој моментално е пред Врховниот суд во Северна Македонија, изјави денеска претседателката на Косово, Вјоса Османи, посочувајќи дека Република Косово ќе даде целосна поддршка во случај на меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој случај.

Одговарајќи на новинарско прашање за предметот „Диво Насеље“, Османи рече дека „се што ќе каже, би биле политички изјави, што не помагаат за случајот, кој што е во судска постапка“.

– Мислам дека треба да почекаме да заврши процесот и понатаму да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој случај. Но, моментално случајот е во високиот суд и откако ќе донесе одлука и ќе бидат завршени сите правни лекови внатре во Северна Македонија. Но, ние видовме дека и самиот премиер Заев кажа дека бил подготвен да има меѓународна истрага, како и вклучување на надворешни експерти за да ги разгледаат тие докази и во овој случај, Република Косово ќе даде целосна поддршка и се надевам дека сорботката, што постои моментално меѓу двете министерства за правда ќе оди чекор напред за овие прашања да се дискутира на институционален начин, изјави Османи, на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.

Одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље“ во јули годинава, на јавна седница пред Врховниот суд во Скопје побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна, поради, како што образложи „уштествени повреди на кривичната постапка пред првостепениот и второстепениот суд, погрешно утврдената фактичка состојба и повреда на кривичниот законик“.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Основниот кривичен суд во ноември 2017 ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (седум на доживотна казна затвор, а останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.

извор: МИА

Next Post

Бесими: Владата со низа мерки влијае врз ублажување на ценовниот ефект од енергетската криза на глобално ниво

НАЈНОВО

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун

November 5, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk