ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Отворени се сите пунктови за откуп на тутунот, просечната цена е 181,6 денари

December 15, 2021 15:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска и официјално, законски почна откупот на тутутнот во земјава. Сите осум откупувачи ги отворија 173-те пункта. Досега се откупени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари.

Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и полека се зголемува просечната откупна цена.

– Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се сите 173 пунктови во земјава и тутунот го купуваат осум откупни претпријатија. Досега нема никакви проблеми. Конкретно, до вчера се откупени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Денеска е и последниот рок, или официјалниот старт на откупот и сите ги отворија пунктовите. Просечната цена полека се зголемува. Само за пример, вчера се откупени 600 тони по цена од 185 денари. Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија вели дека не е постигната реалната проценка на родот којшто е квалитетен. Тутунарите очекуваат повисока цена. Вака, вели, цената не е соодветна ниту на трошоците, ниту на реалниот квалитет.

-Апелираме до инспекторатот будно да ја следи ситуацијата со откупот, а поверениците активно да учествуваат при проценката на вагите, а не да бидат декор, вели Мирчески.

Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, поради реакциите на тутунарите и што смета дека не е достигната реалната цена, почна со посета на откупувачите. Денеска беше на средба со најголемиот откупувач „Сокотаб“ од Битола. Најавена им е реална линија на проценка.

– Сите откупни пункта се отворени. Дел тутунари реагираат. Иако линијата последниве денови е подобрена, сметаме дека не е достигната реалната проценка, зашто тутунот е со мошне добар квалитет. За нас е реално да не биде под 200 денари за килограм, но сѐ уште се соочуваме со ниски цени по класи, што треба да се исправи за наредната реколта. Од „Сокотаб“ ни рекоа дека ќе се подобри линијата за откупот. Нашите повереници се на сите откупни пунктови и ги следат состојбите, рече Методија Стомнароски од Сојузот на земјоделските здруженија.

Во земјава се склучени договори за 22.000 тони тутун. Исплатата е редовна, за еден до седум дена. Откупот трае до крајот на март, наредната година.

извор: МИА

Next Post

ЕУ ја зајакнува борбата против еколошкиот криминал

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

November 8, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk