ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Да се зголеми јавната свест дека со трансплантација на органи од починат донор се спасуваат животи

December 16, 2021 17:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Особено важно е да се зголеми јавната свест дека со трансплантацијата на органи од починат донатор се спасуваат животи на луѓе на кои тоа им е единствено решение за спас. Со добра организација и соработка меѓу медицинските експерти и тимови од јавното и приватното здравство, македонскиот здравствен систем покажа дека и во услови на пандемија е подготвен за успешно извршување трансплантации на органи од починат донатор.

Сепак, процентот на дарувани органи во земјава е сѐ уште прилично низок, односно околу 20 проценти од органите на пациентите со мозочна смрт се трансплантираат, за разлика од некои земји во ЕУ каде овој процент е и над 50 проценти.

Ова се дел од клучните поенти од денешната панел дискусија насловена „Трансплантација на органи“ во организација на Ротари клубот Скопје Парк.

Според министерот за здравство Венко Филипче, со направените шест трансплантации на срце, 19 бубрежни трансплантации и четири на коскени ткива од починат донатор во изминатиот период, и покрај актуелната пандемија со Ковид-19, македонското здравство покажа дека располага со соодветни капацитети, стручен кадар, опрема и соодветна организација за изведување на најсложени медицински постапки со кои се спасуваат човечки животи.

-Горд сум и благодарен на моите колеги од јавното и приватното здравство кои заедно успешно ги извршија овие постапки, но најголемата благодарност сепак е за членовите на семејствата на починатите донатори на органи, без чија согласност овој успех немаше да биде возможен. Нивната благородна одлука и хуманост ќе останат забележани во историјата на македонското здравство и ќе бидат пример кој ќе се следи во нашето општество, рече Филипче на панел дискусијата.

Тој смета дека здравствениот систем од стручен, кадровски и организациски аспект е подготвен за натамошно проширување на програмата за трансплантација на органи, во делот на мултиорганската трансплантација, со што би се зголемил бројот на реципиенти на органи кои чекаат на шанса за подолг и поздрав живот.

Според Маја Мојсова Мијовска, национална координаторка за трансплантација на органи, за да може да се изведе трансплантација, особено кога донаторот е починато лице, неопходни се прецизни протоколи кои точно ги дефинираат сите постапки во текот на целокупниот исклучително сложен процес, големи тимови од врвни експерти и искусен медицински персонал, врвна медицинска опрема и соодветни просторни услови, како и механизам за креирање на листи за приматели на органи.

Во земјава, како што беше нагласено на панел дискусијата, годишно има околу 100 до 120 лица кои доживеале мозочна смрт, најчесто поради сообраќајни несреќи или мозочни изливи и со тоа станале потенцијални донатори на органи.

Експертите се согласни дека сведоштвата за лицата кои донирале органи и оние што ги примиле се клучни за поместување на границите на општествената свест за ова важно прашање.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Битиќи – Лозано Гарсија: Политичките односи меѓу Северна Македонија и Шпанија се на одлично ниво, економската соработка има потенцијал да се развива

НАЈНОВО

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk