ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Ќе се воспостави мрежа за заштита на работниците при стечај

December 16, 2021 12:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците, односно во случај на стечај на компаниите во кои работеле, има за цел проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавец“ што во земјава ќе се спроведува во наредните 18 месеци.

– Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања дефинирани од Директивата на ЕУ 2008/94 како и во согласност на националниот социо-економски контекст. Со законот што треба да биде донесен, дополнително, се врши хармонизација на нашето законодавство со она на ЕУ, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на почетокот на твининг проектот.

Таа додаде дека еден од клучните постулати на европската социјална правда е обезбедување повисока социјална заштита на вработените, како и правна и институционална рамка која ќе гарантира почитување и заштита на работничките права во секоја фаза на деловното работење на нивните работодавци и оти тоа е целта што треба да се постигне со спроведувањето на овој проект.

– Зајакнувањето на институционални капацитети на МТСП и другите релевантни чинители се клучен фактор за успешно транспонирање на Директивата во националното законодавство и натамошно спроведување, рече Шахпаска.

Стефен Худолин, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, вели дека треба да постојат силни механизми за заштита на правата на работниците, затоа што, како што рече, не станува збор за статистичка бројка, туку за човечки судбини.

– Без оглед на причините за стечај, тоа е нешто што многу тешко се доживува секаде. Но, она што е уште потешко се последиците од нечиј стечај, кои можат да бидат губење на илјадници работни места. И тука не зборуваме само за статистички податоци, туку зборуваме за луѓе кои ги губат своите работни места и наеднаш стануваат ранливи бидејќи немаат со што да ги поддржуваат своите семејства, рече Худолин.

Затоа, додаде, работниците треба да бидат на исто ниво како и сите други доверители, треба да имаат заштита на нивните права и на она што им е потребно на нивните семејства.

Воспоставување на ваквиот систем, како што беше посочено, бара соработка на повеќе чинители и тоа е нешто што овој проект што се спроведува помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјални работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, треба да го овозможи.

Словачкиот амбасадор во РС Македонија Хенрик Маркуш истакна дека Македонија и Словачка се традиционално пријателски земји, и оти Словачка постојано ќе ја дава својата поддршка на земјава на европскиот пат.

– Овој проект е одлична можност за заедничка работа и планирање на иднината во социјалната сфера со силен фокус на зајакнување на правата на работниците во случај на несолвентност на нивните работодавци, и со тоа да се подобри социјалниот систем во вашата земја, рече Маркуш, додавајќи дека добрата заштита на правата на вработените треба да биде во центарот на напорите на секоја влада.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Битиќи: Цената на електричната енергија и по 1 јануари ќе биде најниска во регионот

НАЈНОВО

Гаши: Изборите не се институционална формалност, упатувам јасен повик до сите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

September 28, 2025
Џелал Хоџиќ

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ: го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk