Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше исклучително задоволен од она што го прикажаа неговите играчи на натпреварот против Аталанта, пренесува „Спорт Клуб“.
Рома ја совлада Аталанта во Бергамо со убедливи 4:1, иако имаше само 29 проценти посед на топката.
„Тимот беше одличен во секој поглед. Направивме сè како што треба. Добри беа и судиите, со оглед на тоа што Аталанта игра агресивно“, изјави Мурињо.
На овој начин Рома ги прекина шесте последователни победи на Аталанта во домашниот шампионат.
„Ги слушав луѓето како велат дека Рома не победила Топ 5 тим 19 месеци. Сега може да се каже дека не го направи тоа во последните 20 минути.
Аталанта моментално е трета на табелата, додека Рома е на петтото место.
„Не сакам да зборувам за Интер, тој клуб е ниво над другите. Но, против Аталанта, Милан, Наполи треба да играте перфектно и потоа да имате шанса да победите“, заклучи Мурињо.