ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предан: Време е Северна Македонија да испрати амбасадор во Софија

December 19, 2021 11:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот амбасадор Милан Предан во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија.

-Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба, и не треба да биде кој било. Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати времето. Новата влада на Петков зборува за шест месеци, нагласува Предан, чија земја е актуелен претседавач на Унијата.

За договорот од девет точки на бугарскиот премиер Кирил Петков со коалициските партнери во Владата за позицијата кон Скопје, Предан не сакаше да дава коментари, но смета дека има позитивни објави од бугарската страна што некако најавува попрагматичен пристап.

-Во ред, мора да видиме како ќе се развиваат работите. Мислам дека е многу важно овој дијалог со новата бугарска влада да започне што е можно поскоро, бидејќи за да се постигне договор на ниво на ЕУ ќе биде потребен компромис на билатерално ниво. Сега како што споменавме имаме малку несреќна ситуација повторно. Имаме влада во Софија, но, имаме ситуација во оваа земја каде премиерот ќе поднесе оставка што значи дека целата влада ќе поднесе оставка. Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време, вели Предан и додава дека ќе е добро новата Влада во Скопје до крајот на јануари да биде веќе поставена.

Нагласува дека за решаавање на спорот е потребен дијалог и оти се целосно свесни дека нема да биде лесна задача, да се дојде до договор на навистина тешки прашања. Вели дека ако се смени пристапот, кој го најави и Петков, фокусот наместо на историјата да биде на сегашноста и иднината, на инфраструктура, култура, медиуми, образование, тогаш шансите се поголеми. -Ако има добар договор за овие области тогаш можеби ова ќе ја смени атмосферата и ќе има поголема взаемна доверба, вели Предан.

Во врска со македонските учебници и бугарските фашисти во нив и дали е прифатливо вакво прашање да се отвора во ЕУ, Предан нагласува дека е јасно на кои вредности се темели Унијата, поствоена Европа е изградена и поделбата на историјата на Втората светска војна секако не е меѓу тие вредности.

Сепак вели имало и други примери во Европа кога поделбата на учебниците бил еден од многу важните делови на помирувањето меѓу Германија и Франција по Втората светска војна. -Мислам дека оваа тема за учебниците не треба да биде политичко табу. Мислам ова е прашање за кое исто така треба да се разговара. Но, како што кажав, зборуваме за учебници на двете страни. Не само на една страна, нагласува Предан.

Во врска со последната одлука на Советот за општи работи на ЕУ, кој и овој пат не даде зелено светло, но повика на поскоро одобрување на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, Предан смета дека позитивно е тоа што заклучоците за проширувањето биле усвоени, за разлика од минатата година, кога тоа не се случило, што значи дека процесот на проширување е се уште жив.

Потсети дека на почетокот на претседавањето на Словенија со ЕУ тој нагласил дека не може да ветат чуда, имајќи ги предвид сите околности, но напомена дека Словенија работела напорно на ова прашање и сторила сè што можела во оваа моментална ситуација со цел да ги туркаат овие работи напред. Предан појаснува дека околностите во двете земји не оделе во прилог на пронаоѓање брзи решенија, имајќи ги предвид изборите во Бугарија и тие во Северна Македонија.

Тој изрази уверување дека словенечкото претседателство го подготвивме теренот за претстојното француско претседателство, кое почнува од 1 јануари, да оствари напредок.

-Претседателот Макрон веќе објави дека е подготвен да свика конференција на крајот на нивното претседателство на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и имавме најава од Французите дека и тие ќе занимаваат со ова прашање. И покрај ситуацијата во која ќе бидат со претседателските избори во април, мислам дека препознаа колку е важно да се направи овој процес на проширувањето сигурен и да се одржи жив, нагласи Предан, кој истакна дека тој не е запознаен дали има француска иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје, но напомена дека Париз изразил подготвеност да помогне во процесот.

Next Post

Германија ги затвора границите за патниците од Велика Британија поради Омикрон

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk