Здраво на сите. Сакав да објавам дека кога се вратив дома, откако го одиграв турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19 на ПЦР-тестот што ми беше направен кога пристигнав во Шпанија, напиша тенисерот Рафаел Надал на твитер.„И во Кувајт и во Абу Даби поминувавме проверки секој втор ден и сите беа негативни, последната беше во петокот, а резултатите беа во сабота, напиша Надал. /МИА/.