ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реконструирани 69 полициски објекти, идната година продолжуваат градежните активности во Центарот за обука Идризово

December 20, 2021 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега се реконструирани 69 полициски и други објекти на Министерството за внатрешни работи, со што е направен значителен исчекор во поглед на подобрување на материјално-техничката инфраструктура, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при неговата денешна работна посета на ПО Кривогаштани и ОВР Крушево.

– Во насока на реализација на активностите што ги започнавме уште во 2017 година, во поглед на динамично подобрување на стандардите на материјално-техничкото работење на полицијата, денеска имав можност со моите колеги да направиме увид во завршените санациски и градежно-занаетчиски работи на три наши објекти во надлежност на Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп, а тоа се објектите на Полициското одделение Кривогаштани, на Одделението за внатрешни работи Крушево и вилата Крушево. Се разбира оваа работна посета ја искористивме и да поразговараме за тековните активности на овие организациони полициски единици, истакна Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека примарно е што посочените три објекти во сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик, за кои од буџетот на Министерството беа издвоени безмалку 26 милиони денари, целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските службеници и служби, но се во интерес и на граѓаните кои ги остваруваат своите граѓански права и должности во овие објекти.

– Сакам особено да нагласам дека како и претходно, така и сега се водевме и од потребата за домаќинско, економично трошење, како на вложените средства, така и во поглед на користењето материјали кои што ќе гарантираат значителна енергетска ефикасност и заштеда, без притоа да се намалува на квалитетот или на сметка на бараните градежни и еколошки стандарди. Во крајна линија, таквиот наш фокус веќе дава резултати, а колку за илустрација, според прегледот на трошоците за испорачана електрична енергија споредбено во 2017 и во 2021, во одредени сегменти станува збор за 100% заштеда, односно вкупно, на ниво на МВР, станува збор за 5 милиони и 376 илјади денари заштеда на финансиски средства, народни пари, што говори за домаќинскиот однос кој го остваривме со овие реконструкциски зафати, нагласи Спасовски.

Воедно министерот потсети дека во рамки на овие континуирани повеќегодишни активности, вклучително со овие три завршени објекти, достигната е бројката од 69 реконструирани полициски и други објекти на Министерството за внатрешни работи, со што е направен значителен исчекор во поглед на подобрување на материјално-техничката инфраструктура.

Истакнувајќи дека актуелното раководство на МВР останува и натаму целосно посветено на ваквите активности, Спасовски потенцираше дека во наредната 2022 година се планира да се продолжи со градежните активности, и тоа најнапред во Центарот за обука Идризово, како клучна организациона единица во поглед на професионално-стручната образовна надградба на полициските службеници.

– Потоа, она што го ветив годинава, а е во интерес на нашите граѓани кои најмногу гравитираат таму, со цел да си ги остварат своите граѓански права и должности – реконструкцијата на Одделот за граѓански работи во МРТВ, кој практично го претставува лицето на полицијата пред граѓаните. Секако, во овој сегмент спаѓа и изградбата на Полициската станица Аеродром при СВР Скопје, производ на направена анализа согласно потребите на граѓаните, но и за ефективно извршување на полициските активности, рече Спасовски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Листата за помилување ја прават затворите, а не Министерството за правда

НАЈНОВО

Од денеска со „Виз Ер“ директно од Скопје до Штутгарт

September 29, 2025

До крајот на неделата ќе се оценува обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ Кочани

September 29, 2025

Труење со храна во Штип, 15 средношколци се разболеле, затворена е сендвичарата

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Микросам

    Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk