ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис најави бесплатни селф тестови за време на празниците

December 21, 2021 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Препораката за воведување задолжителен рапид тест за влез во затворените простори за забава во Грција, кои работат само со вакцинирани, ја отфрлил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  и најави по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за време на празниците, за сите граѓани, без разлика дали се вакцинирани или не, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на владината седница, Мицотакис рече дека им се обраќа на граѓаните со план во две фази: првата, пред празниците со масовно тестирање, а втората по Нова година со можност за дополнителни мерки во зависност од ситуацијата со пандемијата.

Рече дека првиот чекор е „безбедно да се поминат празниците, без да се замрзнат економијата и општеството, но и без подоцна да се плати цената од активностите од овие денови“ и додаде дека главното оружје во овој период е тестирањето

-Вистина е дека добив препораки за задолжителен рапид тест за сите за влез во просторите за забава. Ги отфрлив, бидејќи сметав дека една таква мерка ќе биде неправедна за вакцинираните и на крајот ќе биде многу тешко да се спроведе. Па така, наместо да им наметнам нешто на сите, избрав да им верувам на сите. И токму за оваа цел државата ќе обезбеди уште два бесплатни селф тестови за целото население. Со препорака првиот да се користи за време на празниците, а вториот веднаш по Нова Година, објасни Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да се тестираат пред празничните масовни собири.

За бесплатните селф тестови кои се веќе пракса во Грција, Мицотакис објасни дека досега, државата обезбедила речиси 80 милиони во висина од околу 150 милиони евра.

Говорејќи за втората фаза од владиниот план рече дека се однесува на периодот по празниците, односно на првите седмици од 2022 година и во зависност од текот на пандемијата, на располагање се низа опции, а како пример ги спомена работа од дома, работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата.

Паралелно истакна дека сè ќе зависи од тогашните податоци и епидемиолошката слика во земјата и „сè уште не е донесена никаква одлука“.

-Пораката оваа година е дека најдобрите празници се безбедните празници. Во моментов не ни требаат нови мерки. Доволно е, потенцирам, да се запазат мерките што веќе постојат. Со чести контроли, забрзување на вакцинациите, особено со бустер дозата и како што кажав со многу селф тестови, за ние самите да можеме да си ја контролираме состојбата на нашето здравје, истакна Мицотакис, говорејќи на денешната владина седница.

Next Post

ДКСК донесе одлука за запирање на предметот против Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk