ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Политико“: Петков сака преку економска соработка да ги подобри односите со Северна Македонија

December 21, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нестабилните односи со соседна Северна Македонија, заедно со ниското ниво на вакцинација и борбата против корупцијата, се главните предизвици се кои ќе треба да се справи поранешниот претприемач, дипломец на Харвард и нов бугарски премиер Кирил Петков, оценува бриселскиот портал „Политико“ во осврт на новоизбраната Влада на Бугарија.

Во делот на анализата посветен на односите со Северна Македонија, „Политико“ наведува дека премиерот Петков сака да заземе поделотворен пристап кон земјава.

– По долги години контроверзии, ЕУ минатата година се согласи да ги покани Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за членство. Сепак, Бугарија ги блокираше преговорите поради спор со Северна Македонија околу историјата и јазикот. Ова ги спречи и Северна Македонија и Албанија да го направат следниот клучен чекор во процесот за членство – усвојувањето на преговарачките рамки, што е предуслов за старт на преговорите со одржување на првите меѓувладини конференции, наведува бриселскиот портал.

Во освртот се посочува дека ваквиот потег на Бугарија предизвика разочарување и на Балканот, но и во Брисел, каде поддржувачите на проширувањето велат дека Софија ја поткопува довербата во Унијата и остава политички вакуум во регионот за Русија, Турција и Кина кои сакаат да го прошират своето влијание.

– Иако новата бугарска Влада не планира да се откаже од барањата за историските спорови со Северна Македонија, Петков најави дека негова цел е да го прошири дијалогот и да ја искористи економската соработка за подобрување на односите, наведува „Политико“.

Порталот додава дека Петков планира новиот пристапот да биде поврзан со „зајакнување на постојните позиции“ на Бугарија и би сакал комисиите што ги разгледуваат односите „да работат многу напорно следните шест месеци“, но дека одбива да даде краен рок за завршување на процесот.– Мислам дека ниту една Влада, во моментов, не може само да излезе пред својот народ и да каже: „Во ред, заборавете на сите проблеми, ајде само да го потпишеме договорот“, затоа што таквата Влада брзо ќе биде сменета, ја пренесува „Политико“ изјавата на Петков.

Петков, според порталот, смета дека на луѓето треба да им се покаже зошто соработката е корисна. – Сакам да можам директно да летам од Софија до Скопје, не преку Виена. Сакам да ја воспоставам првата железничка врска или ако е можно барем план за тоа. Сакаме да имаме заеднички културен календар, додава бугарскиот премиер во цитираната изјавата.

На изборот на новата бугарска Влада се осврнува и Радио Франс Интернасионал (РФИ), посочувајќи дела Петков се претставува себеси како цврст проевропеец, која сака да направи напредок „по едно исклучително чувствително прашање за неговата земја: пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија – нешто на што Бугарија се противи“.

РФИ во анализата пренесува изјава на француската експертка за Балканот Надеж Рагару која оценува дека тактиката на Петков не е да ги фокусира разговорите само на прашања од историјата, туку и „да понуди вистинска економска соработка меѓу двете земји и вистински развој на инфраструктурата“. – Од оваа гледна точка, двете земји имаат заеднички интереси. За да блесне во регионот на Југоисточна Европа, Бугарија од своја страна мора да има поразвиени транспортни врски. Така, се надеваме дека преку заеднички проекти веројатно во наредните месеци Бугарија ќе го укине ветото за Република Северна Македонија, додава Рагару.

– Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ непосредно пред да неговиот избор за, Петков си даде шест месеци да го заврши процесот. Прилика за тоа ќе биде Самитот за Балканот, што ќе се одржи во Франција во јуни следната година, заклучува РФИ.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски-Шентоп: Северна Македонија и Турција со исти погледи за зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk