ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев од Тирана: Земјоделството е заедничка предност за сите земји од регионот и затоа ги олеснивме административните процедури за брз пристап до пазарот

December 21, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на агендата на Самитот на „Отворен Балкан“ во Тирана, претседателот на Владата Зоран Заев и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, зедоа учество и на форумот за земјоделство и регионалната соработка.

Во своето обраќање премиерот Заев истакна дека една од најсилните поддршки на оваа иницијатива е насочена кон унапредување на регионалната соработка во земјоделството и прехранбената индустрија на земјите кои се дел од „Отворен Балкан“, и додаде дека на состанокот во Тирана, веќе има конкретни резултати кои создаваат услови соработката во овие области да добие нов импулс и динамика благодарение на договорите и меморандумите што ги потпишавме.

„Земјоделско-прехранбената индустрија е една од најважните индустрии на Западен Балкан во однос на индустриското производство, обемот на трговијата, генерирањето на работни места и во однос на географската распространетост. За тоа колку е значаен овој сектор и зошто го заслужува нашето внимание, говорат и бројките. Земјоделско-прехранбената дејност во вкупниот промет на индустриското производство учествува со 24 отсто од вкупниот прометот во регионот на Западен Балкан. Споредено со просекот на Европската Унија, каде што земјоделските и прехранбените производи учествуваат со 15 проценти, станува јасно колку е важна улогата и местото на земјоделството и прехранбената индустрија во нашиот регион“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека земјоделството игра важна улога и во вкупната економија на Западен Балкан, кој, како примарен сектор, учествува со 12 отсто во вкупниот БДП на регионот, и дека во споредба до просекот на ЕУ каде што земјоделството учествува во 1,56 отсто во вкупниот БДП, станува јасно дека земјоделството и понатаму е еден од главните двигатели на растот во регионот.

„Бројките што ги спомнав доволно силно го илустрираат потенцијалот на регионалната соработка во земјоделството и во производството на храна. За да се овозможи зголемување на трговската размена значајно е меѓу себе да соработуваме и да работиме заедно на унапредување на стандардите и соработката. Олеснувањето на административно-царинските формалности за слободен проток на стоки е еден од клучните аспекти за раст на економијата. Затоа првично се фокусиравме на овие прашања. Поедноставувањето на процедурите, намалување на времето на чекање на границите и тежнеење кон слободен проток, е видлив резултат“, потенцираше претседателот на Владата Заев.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во своето обраќање се задржа на значењето на потпишаните договори и нагласи дека со признавањето на сертификатите од трите страни, транспортот на земјоделските производи и на храната ќе се поедностави и ќе се забрза со што ќе се намалат загубите и ќе се обезбеди побрз пристап на производите на регионалниот пазар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Листата за групни помилувања се поништува

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk