ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

December 22, 2021 17:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што изјави претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски пред почетокот на денешната работна средба на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, тема на разговор ќе бидат антикризните мерки во градежништвото заради огромниот пораст на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена, како се  одразува поскапувањето на цените на материјалите при изградбата на станови во високо градбата, Законот за јавни набавки и информацијата под кои услови ќе се добива изведбата на патиштата од коридорите 8 и 10 на компанија од странство и каква ќе биде улогата на македонските компании во тој процес. На средбата, како што кажа тој, како градежна фела ќе побараат од министерот да бидат вклучени уште при проектирањето, планирањето па се до изградбата на патиштата од коридорите 8 и 10 и за тоа, посочи, би сакале да добијат цврсти гаранции дека нема да бидат изоставени.

– Само со непосредни средби со министерот можеме конкретно да му го доловивме деловниот амбиент во кој егзистира градежништвото и да му ги презентираме секојдневните проблеми со кои се соочуваат градежниците, но и да покренеме некои активности и постапки и да преземеме некои заеднички инцијативи со цел наредната година да бидеме поспремни и подобри при реализација на капитални инвестиции, изјави Серафимовски пред почетокот на работната средба.

Министерот Бочварски посочи дека Владата е тука за заедно со коморите да дискутира за сите отворени прашање и да разговара за надминување на сите отворени проблеми и предизвици.

– Зголемувањето на бројот на вработени во градежништвото за еден процент годинава е многу значајно зашто излегуваме од една многу тешка година 2020 и расте изградбата на патиштата. За мене се многу значајни ваквите средби и сите предлози кои доаѓаат секогаш наидуваат на внимание и на понатамошна дискусија во Владата и во Министерството со цел да изнаоѓаме решенија и да направиме  уште посилен и подобар амбиент во градежништвото, рече Бочварски.

Во зависност од добиените барање, како што кажа, ќе отвори дискусија на Влада или со ресорниот министер за финансии, како и со сите засегнати страни, а потоа ќе одговори на Комората.

– Секогаш стојам за да ги исполнам барањата на Комората за да имаме посилен развој на домашната економија, потенцира Бочварски.

Цените на градежните материјали согласно анализата за периодот од март 2020 до март 2021 година направена од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите се зголемени енормно. При тоа, како што рече Серафимовски, челичните цевки и профили се поскапени за 66 отсто со најава  дека до Нова година ќе се покачат за уште 33 проценти, дрвената граѓа е покачена  за 55 проценти, полимер битуменот за 47 проценти, геокомпозитот 45 проценти, …

– Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, прецизира Серафимовски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЈО предлага притвор за Мијалков за случајот „Плацовите на Водно“

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk